По Моника Белучи и Хурем одлучи да ја направи фризурата која е голем хит оваа сезона
Опасната Хурем има нова фризура
Познатата турска актерка Мерјем Узерли која се прослави со улогата на Хурем во Сулејман Величествениот ги изненади своите фанови со својот нов имиџ.
Имено, убавата турска актерка сега има нова фризура со која се пофали на социјалните мрежи
Во прашање е фризура која е многу слична на онаа со која деновиве се пофали и Моника Белучи.
Имено, неодоливата Моника Белучи која со години важи за симбол на женската убавина беше препознатлива токму по својата долга коса. Но таа одлучи да направи промена и ги изненади сите со својот нов имиџ.
Таа предизвика вистински шок кога во Милано се појави со новата кратка боб фризура.
Очигледно дека ваквиот тренд повторно е хит, а тоа можеме да го видиме и од Сенида Хајдарпашиќ попозната како Сенидах која исто така неодамна се пофали со својата нова фризура. Слична фризура деновиве направи и нашата позната пејачка и водителка Бојана Скендеровски.
Имено, Бојана ги изненади сите со својата последна фотографија што ја објави на својот профил на социјалните мрежи. Убавата водителка која не ретко можеме да ја видиме како експериментира со различни стилови и го менува својот имиџ, овој пат направи неверојатна трансформација и ги воодушеви своите фанови.