По катастрофалниот брак со Анџелина Џоли, Бред Пит конечно ја најде вистинската жена и реши да ја запознае со своите родители
Холивудскиот заводник пред неколку дена беше забележан во една уметничка галерија заедно со колешката Алија Шокат (30).
И како што тоа секогаш се случува, откако се појавија првите фотографии веднаш почнаа да се шират гласини дека познатиот шмекер и Алија се во врска.
Иако по овие шпекулации медиумите објавија дека тие се само добри пријатели, магазинот „Woman’s Day“ сега пишува дека познатиот холивудски актер својата пријателка деновиве ја запознал со своите родители.
„Неговите родители се поприлично конзервативни така што тој со овој чекор многу ризикуваше. Имено, тој во нивната куќа ја донесе девојката за која тие не знаат ништо, но таа им се допаднала многу. Алија е кул, мирна, стои цврсто на земјата и воопшто не е обземена од славата на Бред“.
„Токму таква жена му треба по катастрофалниот брачен бродолом“, изјави изворот.