По загубата на внучето Цеца се предомисли: Се е спремно за прослава- еве што ќе се случува во луксузната вила!
Цеца полни 50 години...
Иако за медиумите истакна дека нема да го прослави својот јубилеен 50- ти роденден поради загубата на внуката, Цеца се предомисли.
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ полни 50 години и реши роденденот да го прослави во кругот на најблиските пријатели.
Иако со месеци ја подготвуваше роденденската прослава во еден познат белградски хотел со помош на нејзината сестра и најблиските пријатели, Цеца решила да ја откаже оваа прослава поради се што и се случило на нејзината ќерка Анастасија која се уште се опоравува од загубата на своето бебе.
Пејачката смета дека се уште не е време за голема прослава.
Цеца роденденот ќе го помине во својата вила во Љутиче Богдана, опкружена со најблиските пријатели.
Обожавателите на Цеца направија серија интересни видеа за нејзиниот роденден, а роденденот на Инстаграм и го честитаа колешките Дара Бубамара, Надица Адемов, Александра Младеновиќ и многу други.
Богдана Ражнатовиќ, снаата на Цеца, со емотивно видео и го честиташе овој посебен ден на свекрвата.
– Среќен роденден – напиша таа.
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ неодамна пристигнаа во Белград, а фудбалерот моментално е во карантин со српската репрезентација па нема да може да присуствува на забавата по повод јубилејниот роденден на пејачката.