Реклама
Кафе муабет

По загубата на бебето Анастасија за прв пат се појави во јавност и заплака: Не можеше да ги задржи солзите, се огласи и Цеца!

Го бодреше Немања од трибините...

Реклама

Фудбалерот Немања Гудељ вчера играше во финалето на Лигата на шампионите во Будимпешта, a од трибините го бодреше неговата девојка Анастасија Ражнатовиќ. По победата на неговиот тим таа пушти солзи заедно со возачот и пријател на Немања, Рашид.

фото принтскрин

Мајката на Анастасија, Цеца Ражнатовиќ сега се огласи на својот Инстаграм профил каде му се обрати на Немања и не криеше колку е горда на него откако неговиот тим победи.

фото принтскрин

Таа објави фотографија од него и напиша:

Маркетинг
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Честитки, браво! Најдобриот зет на светот – напиша Цеца.

Да потсетиме, Анастасија и Немања неодамна ја споделија веста дека наскоро ќе станат родители и дека пејачката чека девојче, но, за жал, бременоста беше прекината, за што тој ја извести јавноста преку Инстаграм.

Маркетинг
фото инстаграм/Немања Гудељ

– Со вас споделивме добра вест и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов ќе го надмине и ова – напиша фудбалерот на својот Инстаграм профил.

Како што пишува српскиот портал „Информер“, ќерката на Цеца најверојатно веќе при крај на неделата би требало да се врати дома, а наводно биле готови и документите за престој во Шпанија, заради кои подолго време не можеше да се врати во Србија.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

На Анастасија ѝ е потребен мир, па го изгаси својот профил на Инстаграм и се повлече од јавноста. Немања цело време е со неа и тој ѝ е најголема поддршка, вели извор за гореспоменатиот медиум..
Како што пишува „Информер“, Анастасија одвај чека да се врати дома каде прв пат ќе го види и малиот Крстан, синот на Богдана и нејзиниот брат Вељко.

фото принтскрин/инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button