По загубата на бебето Анастасија донесе неочекувана одлука: Скршена од болка, тешките денови сака да ги помине со најблиските
Споделија тажни вести...
Анастасија Ражнатовиќ е скршена од болка откако го изгуби бебето.
Тажната вест со јавноста преку Инстаграм ја сподели нејзиниот партнер Немања Гудељ.
Фудбалерот ги замоли сите за приватност и мир, но се заблагодари и за убавите желби, честитки и поддршка што ја доби младиот пар кога објавија дека за прв пат ќе станат родители.
Тој истакна дека повеќе нема јавно да зборува на оваа болна тема, а како што истакна, верува дека нивната голема љубов ќе ја надмине ненадејната трагедија.
Сепак Анастасија не се огласи по трагичната вест и реши на одредено време целосно да се повлече од јавноста, па го избриша и својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, сакајќи овој тежок период да го помине во кругот на своите најблиски.
Нејзината последна објава на интернет беше пред неколку дена, кога го прослави својот роденден.
Пејачката не ја тргна насмевката од лицето, таа и Немања беа пресреќни што ќе добијат девојче, но за жал се соочија со голема загуба.