По долго време Благица Павловска објави фотографија на Фејсбук – еве каква порака испрати
Македонската фолк - дива се огласи на Фејсбук после долго време.
Благица сподели своја нова фотографија и уште еднаш покажа дека времето буквално стои за неа.
Со својот стас и глас Благица Павловска ја освои публиката уште веднаш кога се појави на македонскта фолк – сцена.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Благица важеше една од најдобрите и најатрактивни пејачки во нејзиното време.
Популарноста ја стекна во 90-те години, а песните како „Не можам да те заборавам“, „Чукај, чукај срце“, „Цело Скопје“ се песни без кои не може да помине ниту една прослава во Македонија.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Покрај успешната соло кариера, Благица настапуваше и со групата „Четирите грации“, во која освен неа членуваа и Андријана Алачки, Росана Тодоровска и Бади Бекир.
Обожаваше да експериментира во стилови и секогаш изгледаше светски и чекор понапред од времето.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Денес Благица ужива во пензионерските денови.
Не настапува многу често, но на покана на телевизиите гостува по емисии.
Минатата година направи и турнеја низ Австралија.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Слободното време обожава да го поминува во својата куќа заедно со своите миленици.
Животните ѝ се најголема љубов.
На нејзиниот Фејсбук профил најчесто споделува објави повразани со хуманитарни акции за помош на напуштени животни.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Благица пред извесно време ги почести фановите со фотографија од себеси, на која мора да се признае дека изгледа подобро од било кога.
На фотографијата таа позира до статуа од Богородица.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Малкумина знаат, но роденденот на пејачката паѓа токму на христијанскиот празник Пресвета Богородица – Пречиста.
„Пресвета, Преблагословена Пречиста, Владичие мајко Богородице, спаси нас, Амин“, напиша Благица во опис на фотографијата.