По долгата борба, харизматичната Ен повторно е бремена – го покажа стомачето, но и сподели порака до сите мајки (фото)
Актерката го покажа стомакот и одвај чека да добие бебе
По долгата борба, харизматичната актерка Ен Хатавеј повторно е во блажена состојба.
Среќните вести ги објави самата актерка на нејзиниот Инстаграм, со фотографија на која позира така што и се гледа трудничкиот стомак.
„Не е за филм. #2“ нагласи таа и додаде „Шегата на страна. Сите вие кои минувате низ пеколот поради неплодност и зачнување, знајте дека воопшто не ми беше лесно да останам бремена ни првиот ни вториот пат. Ве сакам“.
Ен Хатавеј (36) и нејзиниот сопруг Адам Шулман се венчаа во 2012, а четири години подоцна актерката го роди синот Џонатан Роузбенкс.
Таа во едно нејзино интервју отворено зборуваше за тоа колку заради родителството и се променил погледот на светот, а тоа посебно и влијаело на кариерата.
Таа сакаше да има уште деца, но очигледно и вториот пат не и било лесно да забремени.
„Пред да го родам синот, чувствував притисок. Распоредот постојано да ми биде исполнет, а кога не работев, имав чувство дека губам време. Сега едноставно понекогаш не можам да работам, бидејќи ми е важно да бидам дома со детето, и не ми е тешко заради тоа. Купувам помалку, но и готвам, читам, пишувам и комуницирам повеќе.“
„Сега обезбедувам повеќе време за работи кои ми се важни и некако наеднаш – имам време за сé“, изјави Ен.
Интересна е уште една нејзина изјава – имено, убавата актерка кога стана мајка донесе одлука дека нема да пие алкохол се додека нејзиниот син не наполни барем 18 години и се додека живее во нејзината куќа.