Реклама
Наши ѕвезди

По големата тpaгeдија во нејзиниот живот, конечно СРЕЌА – ПРЕЗЕНТЕРКАТА Гордана Ѓорчева има причина за славење

Реклама

„Доживеав благослов од Бога“

„Синоќа згазна животот на директорот на Драмскиот театар во Скопје и познатиот актер Бранко Ѓорчев по долго и тешко боледување“. Ова беа воведните реченици во секој медиум во земјава во февруари 2013 година, кога почина легендарниот актер. И по 8 години болката не стивнува, а луѓето се уште се сеќаваат на неговите улоги.

Маркетинг

Тажната вест за познатиот македонски актер погоди многумина, а најмногу неговите најблиски.

Неговата сопруга Гордана Ѓорчева често во интервјуа за медиумите вели дека е благодарна што токму тој бил нејзиниот сопруг и за секој момент кој го имала со него.

Маркетинг
ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Зборовите „Јас се вљубив во твојата насмевка и никогаш немој да ја симнеш од твоето лице!“ на нејзиниот покоен сопруг актерот Бранко Ѓорчев, вели дека ги смета за аменет.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

На 19 години го изгубила својот татко во сooбраќajна нecpeќа. Втор огромен шoк во нејзиниот живот била кога го изгубила сопругот, актерот Бранко Ѓорчев.

-На оваа тема скоро и да не зборувам. Создадов некој одбранбен механизам и не сакам да чепкам таму кај што боли. Знаете, сфатив дека болката е само моја и никој тука не може да ми помогне, освен самата јас. На моите 19 години го изгубив мојот татко во сообраќајна нecpeќа и некако се навикнав да се борам низ животот. Ова беше мојот втор огромен шoк кој многу, многу тешко го поднесувам. Да, буквално ме скрши неговото заминување и мислам дека дури сега после 5 години полека почнувам да си доаѓам на себе. Поминав и сè уште поминувам низ многу тежок период, и емотивно и благодарејќи на балканскиот менталитет и среброљубието на неговите најблиски. Но, не сакам да се навраќам на тоа ни во мислите. Постојано се молам, Господ да ни даде само здравје и на мене и на моето дете. Се борев како лавица за животот на Бранко. Направив сè што беше во моја моќ. Две години буквално спиев во бoлници и овде и во странство и мојата совест е комплетно чиста. А, најважно од сè е човек мирно да спие, изјави Гордана во интервју за „Женски магазин“.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Таа вели дека не постојат лоши спомени поврзани со Ѓорчев. Тој беше нејзината сродна душа, човекот што го сакаше повеќе од себе. Но тој воедно бил и човекот што ја чувал како капка на неговата дланка, кој секогаш го користел секој свој слободен миг да го помина заедно.

„Толку беше голема неговата грижа за мене што и во неговите последни мигови не мислеше на себе. Само ми рече: Не смеев ова да ти го направам. Гордана само продолжи да се смееш, и биди среќна. Затоа што ја имаш најубавата насмевка на светот. Таква најмногу те сакам, среќна и насмеана“, раскажа Гордана во интервјуто за „Женски магазин“.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Горда мајка и пресреќна баба

Гордна е инаку мајка на Луција, која ја има добиена додека имала 21 година. Вели дека со својата ќерка има одличен пријателски однос и дека е навистина горда на неа.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Таа е пресреќна што денес има возрасна ќерка, која и е вистинска другарка. Низ годините успеала да создаде пријателски однос со неа и денес не пости тема на која не би можеле да разговараат.

Таа е горда со неа, но воедно преставува и најголема поддршка во животот. Низ годините и низ сите бродоломи низ кои поминале заедно, успеала да ја научи да биде силна и да не потклелнува пред проблемите.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук
ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

„Здрави и живи да сме сите“

Во ова лудо време, додека трае пандемијата коронавирус, многу луѓе доживеаја големи несреќи и скоро секој ќе ви каже дека минатата година му била најлоша досега. Презентерката вели дека е исклучително внимателна и дека безрезервно ги почитува сите мерки и препораки.

Еве што напиша таа неодамна на Фејсбук:

„2020-та дефинитивно беше година која што ни одржа добра лекција. Нè научи дека грижата за себе и за сопственото здравје треба да ни биде на прво место. Година во која секој од нас се соочи сам со себе и со она што е најбитно во животот – здравјето и мирот во себе. Нé научи дека болеста не бира дали си богат или сиромашен, млад или стар. Нé научи дека среќата е во нас, а не во патувањата со кои бегаме сами од себе. Нé научи на вистинските вредности“.

„Нé научи да ги почитуваме оние кои се секогаш тука за нас, и во добро, и во лошо. Нé научи дека домот е единственото  место во кое треба да се чувствуваме безбедни. Ни покажа колку е животот суров кога имаш сé, а не знаеш да го цениш тоа што го имаш – здравјето“.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

„Маските нé научија дека луѓето треба да ги ггледаме во очи, затоа што очите се огледало на душата и тие кажуваат многу“.

„На крајот на оваа година полна со искушенија, се надевам дека сите заедно ќе излеземе здрави и живи, и ќе влеземе во Новата со повеќе совесност, повеќе разум, со поголемо трпение,  бидејќи само на тој начин се добива секоја битка во животот“, пишува Гордана на својот профил на Фејсбук.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

А по само неколку дена, односно во пресрет на Новата година, таа го додаде и следново:

„И покрај сé што се случуваше. И покрај сета неизвесност, страв и безброј искушенија, 2020-та ми го подари најголемиот благослов од Бога. Ми ги исполни рацете со највозвишената прегратка и ми ја стопли душата со најчистата љубов на овој свет. Да ги заборавиме лошите мигови и со позитивна мисла да влеземе во Новата“ напиша водителката тогаш и додаде:

„Среќна Нова 2021!!! Здрави и живи да сме сите!“

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

-Никој од нас не очекуваше дека е можно да ни се случи вакво нешто. Епидемија од светски размери, која комплетно ке ни го смени начинот на живот. Сега сме, што би рекле, во пикот на пандемијата, сите сме исплашени, но како и се во животот и ова мора да го прифатиме, затоа што немаме друг избор. Внимавам многу, откако е почната пандемијата не одам на гости и никој не доаѓа кај мене, но мора да се излезе од дома, мора да се работи. Ги почитувам сите протоколи, но морам да признаам дека доколку сите бевме малку поодговорни, немаше да дојде до толку голема бројка. Мене сеуште не ми е јасно како е можно луѓето да не веруваат. Да, вирусот постои и одзеде многу човечки животи. Но, од друга страна стравот не е решение. Одговорноста кон себе и кон сите околу нас е единственото решение со кое ќе го надминеме ова. На крајот на краиштата, мора да се има малку повеќе респект кон здравствените работници, затоа што и тие имаат семејства, имаат деца, имаат родители, а девет месеци се во агонија на нивните работни места. Искрено се надевам дека ова нема да трае уште долго, дека ќе бидеме здрави и живи, и дека набрзо ќе ни се врати животот во нормала, ќе ни се вратат насмевките и ке продолжат дружењата со сите што ги сакаме“, кажа таа неодамна во интервју за ММС.мк

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Но, она што дефинитивно ја одбележа нејзината година и што донесе неизмерна среќа во нејзиното семејство е дефинитивно нејзиниот внук Александар. Солзите се претворија во солзи радосници, а и самата Гордана потврдува дека се труди да биде силна и храбра за својата ќерка и внучето.

-Пред се, фала му на Бога, Луција имаше лесно породување и благодарение на нејзината храброст и упорност, пред се преголема љубов и желба за дете, веднаш сама си ги презеде обврските. И јас се уште немам прилика да се снаоѓам како баба. Ми се допаѓа тоа што во денешно време родителите заеднички учествуваат и во домашните обврски и во обврските кон сопственото дете. Нејзиниот сопруг Александар е прекрасна личност и навистина многу и помага, така што за нас бабите останува само најубавиот дел – играњето до Вања. Е за разлика од другата баба, јас сум малку поупорна и на мое инсистирање понекогаш ми е дозволено да го избањам, вели таа во интервјуто за порталот „ММС“.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Таа вели дека Луција и е единственото дете и за неа би направила сé, а раскажа и за еден неверојатен момент што и се случил со нејзината ќерка.

Имено, нејзе никој не и кажал дека таа се пораѓа, но во истиот момент почувствувала некаков немир во душата и експресно отишла во болницата без да праша дали е воопшто примена, туку кога е примена и како е.

Тие и кажале дека процесот е почнат и таа само гледала во прозорот во кој имало светлина и плачела, истовремено молејќи му се на Бога сé да помине во најдобар ред. А кога прв пат го кренала Вања во рацете, таа почувствувала таква голема љубов што не би можела да ја опише со зборови.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

„Па јас доживеав благослов од Бога да кренам во раце дете на моето дете. Па јас се растопив“ вели таа и додаде:

„Откако Вања дојде на овој свет, јас сум во сосема друга димензија, за која немам објаснување“.

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

 

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

ФОТО: Гордана Ѓорчева / Фејсбук

Извор: ММС, Женски магазин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button