По гласините дека се „распаѓа“, Емина ги шокираше сите со ова издание! Што и е тоа на нозете, се прашуваат обожавателите?
Емина Јаховиќ важи за една од најстилизираните дами на Балканот, но со нејзиното последно издание ги изненади обожавателите на социјалните мрежи.
Имено, познатата пејачка позираше во кошула и панталони во стилот на пижами кои и стојат одлично, а целото издание го заокружи со „грди“ патики.
Во прашање е модел кој важи за еден од најголемите хитови во светот на модата во последните неколку сезони и за кои ви треба смелост да ги носите, особено во едно вакво издание како што ги „фураше“ пејачката.
И покрај тоа што се удобни, и голем хит, според фановите никако не одговараат на облеката со која што ги носи.
„Патиките ти се катастрофа, знам дека се оригинал, но грди се“, „Ногата ти излезе голема во овие патики“, „Оваа комбинација ти е катастрофа, барем според мене“ коментираа разочарано нејзините фанови на Инстаграм.
Инаку, Емина неодамна се најде во центарот на вниманието во медиумите заради шпекулациите дека и се „распаѓаат“ силиконите во усните.
Таа ги демантираше овие гласини и на оние што ги пренесуваат им пренесе да се грижат за себе, а не за неа.
„Кај мене е се на свое место“, изјави таа.