По веста што ги шокираше сите, се огласи и Карлеуша – хаос на социјалните мрежи, што се случува во „Ѕвездите на Гранд“?!
Пејачката по брзото ширење на информациите дека повеќе не е дел од Ѕвездите на Гранд се огласи на Инстаграм.
Откако одекна веста дека во новата сезона од музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ во улога на жири покрај Марија Шерифовиќ, Драган Стојковиќ Босанац, Ана Бекута, Ѓорѓе Давид и Вики Миљковиќ ќе се најде и Светлана Цеца Ражнатовиќ, која ќе дојде на местото на Јелена Карлеуша која повеќе нема да седи на менторските столчиња, се огласи и контроверзната балканска дива.
На местото на продукциското жири и оваа сезона ќе се најдат Саша Поповиќ, Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ Мили.
Еве што напиша Карлеуша на својот Инстаграм откако се појавија информациите дека повеќе не е дел од познатото шоу.
Имено, таа самата на својот Инстаграм соопшти дека заради новиот албум одлучила да се повлече од натпреварот „Ѕвездите на Гранд“. Иницијативата за ова ја поднела уште на 28 јуни оваа година кога ја известила Гранд продукција и го раскинала договорот со нив. Како што самата вели, одлуката ја донела за да може максимално да му се посвети на излегувањето и промоцијата на нејзиниот албум, а што се однесува до новите членови и како натпреварот ќе изгледа во иднина, тоа не е прашање за неа и им ја посакува целата среќа.
Пејачката со една фотографија го објави и известувањето со кое преку мејл ја известува Гранд продукција за својата одлука.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша