По веста дека ќе си оди од Алфа, Благоја Грујовски сподели фотографија, а овој детаљ ги изненади сите
Шоуто мора да продолжи, напиша Грујовски под фотката на која што е со уште еден свој познат колега
Пејачот објави убав спомен
Најголемиот шармер меѓу пејачите Благоја Грујовски се уште им го привлекува вниманието на претставничките на понежниот пол.
На сите свои настапи кога ќе запее им ги освојува срцата на жените, иако неговото со години и припаѓа само на една дама.
Имено, Благоја веќе со години е во среќен брак со 24 години помладата Ирена Грујовска со која го им синот Марко.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
Покрај Марко тој го има и синот Матеј кој го доби од поранешниот брак со презентерката Татјана Стојановска.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
Малкумина знаат дека тој е роден во Белград, како дете на студентска љубов, но и дека корените му се од Лазарополе.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
Но она што веќе и врапчињата го знаат е дека отсекогаш важел за човек кој остава впечаток кај жените, а тоа е така и ден-денес.
Изгледа поприлично младолик за свои години, а покрај тоа што има многу обожавателки, него го почитуваат и колегите. За тоа зборува и последната фотографија што ја објави на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
На фотографијата тој е заедно со колегата Жаре Бербер кој исто како него, покрај тоа што е пејач води и една емисија.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
И двајцата изгледаат поприлично расположено заедно, а се гледа и дека атмосферата околу нив е на „ниво“.
„Шоуто мора да продолжи“, напиша Благој под фотографијата, а според бројот на лајкови можеме да заклучиме како реагираа нивните фанови.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
Инаку, оваа фотографија Благоја ја сподели непосредно откако почнаа да се шират гласини дека повеќе нема да биде дел од екипата на „Везилка“, популарната музичка емисија на телевизија Алфа.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
Благоја се уште се нема огласено да открие која е причината заради која што го напушти овој проект, а веќе е познато и дека во емисијата на негово место ќе дојде неговиот драг колега Спасен Силјаноски.
Како Спасен се снајде во оваа улога, дознајте тука...