Реклама
Вирално

По Вања и случајот со Данка ги шокираше сите – ова се исчезнатите деца по кои се уште се трага во Македонија

Целиот Балкан во шок по она што се случи со Данка

Реклама

Судбината на многу исчезнати лица веќе со години е непозната

Случајот со двегодишната Данка Илиќ од Србија која најпрво беше пријавена за исчезната го потресе регионот, но и Европа.

Имено, за девојчето се трагаше и во Австрија откако се појави снимка од Виена со мало девојче кое многу личи на неа.

Маркетинг

По неколку дена беше утврдено дека на снимката не е Данка, а потоа следуваше и страшната вест – дека малото девојче било прегазено со автомобил, а потоа ставено во ѓепекот и нејзиното тело фрлено, за сега се уште, на непозната локација.

Маркетинг
Социјални мрежи

Осомничените за ова злосторство се во притвор, но тие се уште не откриваат каде го фрлиле телото на двегодишната Данка.

Социјални мрежи

Целиот овој монструозен случај ги потсети сите на случајот со убиството на малата Вања Ѓорчевска кое исто така го шокираше регионот, но и на сите останати исчезнувања што се случуваа во изминативе години.

Имено, на страницата на интернет страницата на МВР за исчезнати лица се уште стојат имињата на десетина лица помлади од 18 години кои се исчезнати во Македонија и се уште се водат како такви.

Фото: МВР/ Исчезати лица

Најмалата од нив е 15-месечната Елиф Фејзула од скопското село Стајковци чија фотографија се уште стои на оваа страница.

Малата Елиф исчезна во страотната поплава што го зафати скопскиот регион на 6 и 7 август 2016 година, а покрај нејзиното име на оваа страница на интернет објавена од МВР има уште десетина други малолетни лица кои се водат како исчезнати.

ЏОБЕСКИ ПЕТАР татко Стојо роден 18.08.2011 година во Прилеп каде и живее на ул.Врањска бр.28. Исчезнат на 25.02.2022 год. во с.Врпско, Прилеп. Висок е околу 140 сантиметри, проценета тежина 35 килограми, коса плава,очи црни. Облечен во тренерки, тенко блузиче, џакет и детски чизми…

Некои од нив се бараат со децении, но за ниту едно од нив нема никаков траг и покрај сите напори на полицијата.

Само во последните три години во Македонија не се пронајдени шест деца помлади од 14 години кои исчезнале.

Станува збор за деца од Прилеп, Гевгелија, Куманово, Штип, и две деца од Скопје. Но тие сите не се наоѓаат на страницата за исчезнати лица на МВР, па затоа пошироката јавност не знае како тие изгледаат.

Митат Ибраими, роден 01.10.2002 година од т.Селајдин м.Јелдзе во с.Средно Коњари – Скопје каде и живеел. Во моментот на исчезнување на 19.03.2010 година бил облечен во горна зелена тренерка, плави фармерки и кафеави чизми (Фото: МВР)

Како што објави Фокус во една пригода, тоа е така затоа што нивните родители не дале согласност информациите да бидат објавени.

Дане Мемеди, роден 04.12.2005 година од т.Драган м. Марина во Куманово каде и живеел на ул.Средорек бр.114. Во моментот на исчезнување на 27.03.2010 година бил облечен во бели сомотски пантолани и шарен дуксер (Фото: МВР)

Од друга страна, во овој регистар има и голем број возрасни исчезнати лица по кои потрагата се уште трае.

Последното лице што го има на оваа страница е Бочварски Ристе кој исчезна пред неколку месеци во населбата Аеродром во Скопје.

Фото: МВР/ Исчезати лица

Ова лице се води како исчезнато од 11.01.2023 година, откако околу 22 часот излегол од дома и повеќе не се вратил.

Препораки што можат да помогнат во случаи на исчезнати лица

Доколку некое лице исчезне, контактирајте ги сите кои би можеле да го знаат местото на престој на исчезнатото лице.

Соработувајте со полицијата, дајте ги сите информации за пријателите и роднините на исчезнатото лице, местата кои често ги посетува, здравствената состојба или начин на однесување во блиското минато

Споделете ги карактеристичните размислувања на исчезнатото лице, неговите видувања за идни планови

Не сокривајте информации од полицијата, бидете достапни – Обезбедете фотографија и дозволете и на полицијата да ја сподели со јавноста.

Обратете се во најблиската полициска станица, полицискиот службеник за прифат или инспекторот по потраги ќе ги земе сите податоци кои се потребни

Водете грижа за лицата кои имаат здравствени проблеми и страдаат од болести заради кои ја губат способноста за осознавање, не ги оставајте без придружба и надзор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button