Наши ѕвезди

По бремената Марија Брзакова се трага и во Швајцарија, но безуспешно

Advertisement

По Марија се трага и во Швајцарија

Advertisement

Марија Брзакова исчезна пред 20 дена од семејниот дом во Босилево и од тогаш и се губи секоја трага.

Младата девојка последен пат беше видена во близина на семејниот дом во Босилево, кога во раните утрински часови излегла облечена во тренерки.

Нејзиниот траг се губи на 18 јануари (сабота) кога наутро излегла од својот дом и повеќе не се вратила.

Advertisement

Кога излегла од домот била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, а со себе не носела ташна, ниту пак мобилен телефон или било каков друг документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса.

Марија по потекло е од соседното село Турново. Таа е мајка на четиригодишна ќеркичка, а исчезнувањето го пријавил нејзиниот сопруг.

По неа трага полицијата, но засега не се откриваат многу податоци како од страна на полицијата така и од семејството.

Покрај полицијата, Марија досега ја бараа и ловџиите, селаните, роднините и пријателите, но безуспешно. Како што пренесуваат медиумите, по неа се трага и во Швајцарија, иако е познато дека го напуштила домот без документи, што значи дека не можела легално да ја напушти државата.

Мистериозно исчезнување

Екипите на „Фокус“ и „Слободен печат“ се обидоа да стапат во контат со некој од семејството, но безуспешно. Тие не сакаат да даваат изјави за медиумите, па затоа целиот случај е и по малку мистериозен. Никој не знае зошто нема повеќе информации од полицијата и семејството, иако се апелира до јавноста за помош. Никој не знае и кој ги објавува апелите.

Познато е само дека Марија заедно со сопругот Б.Б. (29) и нивната ќерка живееле во Швајцарија. Во Босилово се вратиле во септември 2019 година.

Родителите и на двајцата млади живееле во Швајцарија, но сега поради случајот се вратиле во Македонија.

Во апелите што беа објавени на социјалните мрежи пишува дека исчезнатата девојка е бремена.

Оставен е и број за контакт.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button