Реклама
Наши ѕвезди

По Благица Павловска и Мартин Вучиќ на гости кај Татјана Лазаревска во Австралија – гостинот се пожали дека го „бојкотираат“

Реклама

Мартин Вучиќ кој е на чело на „Танец“ деновиве заедно со членовите на ансамблот е на турнеја во Австралија.

Фото: Фејсбук, Инстаграм

Тој слободното време го искористи да ја посети и нашата позната фолк пејачка Татјана Лазаровска која во последно време е мошне активна и на социјалните мрежи. Имено, таа на својот профил објави една заедничка фотографија со неа и Мартин, а со нив е и нивниот колега Бубе.

Татјана со својот сопруг Новица во 2015 се преселија од Македонија во Австралија заедно со нивните две деца. Кај нив неодамна на гости беа и колешките Благица Павловска и Маријана Новачевска, сестрата на Росана.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Инаку Мартин на социјалните мрежи се пожали дека некои поединци прават негативна кампања за нивното гостување.

Тој се огласи преку неговиот профил на Фејсбук и напиша дека цело време се соочуваат со опструкции од поединци од македонската заедница.

Маркетинг

Почитувани пријатели, почитувани сонародници дома и надвор,

Танец во моментов е на турнеја во Австралија. Уметниците од ансамблот со радост после 11 години и тоа токму во годината на големиот јубилеј, стапнаа на далечниот, а толку близок континент и се максимално подготвени за три врвни концерти пред публиката во Мелбурн, Канбера и Сиднеј. За жал, за цело време, а сега посебно интензивно, се соочуваме со негативна кампања и опструкција на закажаните концерти и тоа водени од поединци од нашата заедница. Постојано сум и лично провоциран со недолични прашања и квалификации, но мене политиката и тие методи на комуникација ми се туѓи и навистина не можам да се впуштам во такви дебати и конфронтации. Оттука, чувствувам потреба, како актуелен раководител на Танец, кусо да се огласам во јавноста. Јас сум на оваа функција во моментов, пред мене имало многу директори, а по мене верувам уште повеќе, но она што е константа, она што е континуитет сите овие седум децении е ансамблот Танец, сите генерации играорци и музичари, а со тоа и нашата култура и традиција, македонската самобитност. Во овие седум децении се смениле повеќе историски и општествени контексти, но македонското оро и песна, македонската музичко-фолклорна традиција, македонскиот јазик и култура гордо им пркосат на сите тие предизвици. А тоа е така затоа што сите генерации вработени во Танец и сите генерации поддржувачи на овој наш подвижен музеј на македонскиот фолклор, вложиле многу љубов и многу труд да го одржат ова што денес го имаме. Чувствувам дека како никогаш досега, македонската заедница во Австралија е разединета, а чувствувам и дека токму ваквите моменти, кога им гостува најголемиот македонски културен амбасадор, се вистинските за повторно обединување. Ги потсетувам дека и во најголемите војни во минатото, секогаш победници биле македонската песна и оро, дека тие опстоиле вон сите историски рамки и вон сите административни граници. Ние сме можеби сведени на мала територија, но нашата духовна култура е голема колку планина, а тоа е така благодарение на сите нас. Сите ние сме задолжени да си ја чуваме музиката, како што јас сум задолжен од македонското образование кое ми го даде знаењето и дипломата, но и од моите дедовци кои ми го дадоа во аманет целото македонско музичко-фолклорно богатство. Јас сум должен да го чувам и негувам, тоа е и должност на уметниците во Танец, но и на сите вас. Се надевам дека сите заедно ќе успееме да го издвоиме колективниот над личниот профитерски интерес. Танец е и наша гордост и наша должност. Ајде сите заедно да му се радуваме. Во оваа прилика ги поканувам сите нашинци во Австралија да дојдат на концертите и заедно да уживаме во прекрасните македонски ора и песни. Едни без други не можеме и не смееме.

Фото: Фејсбук

Инаку, ансамблот „Танец“ во Австралија ќе останат две недели и ќе одржат концерти во Мелбурн, Сиднеј и во главниот град на Австралија, Канбера.


Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button