Реклама
Новости

По бикини фотките на Цеца и сваќата се појави во провокативно издание – си грми и по три бремености

И Анастасија во провокативно издание - без градник, а деколтето само од чипка...

Реклама

Познатата пејачка Анастасија Ражнатовиќ по венчавката и Европското првенство замина да си ги наполни батериите.

Таа и нејзиниот сопруг, Немања Гудељ, овој пат ја избраа Ибица од каде ќерката на Цеца сподели неколку интересни видеа.

Анастасија се снимаше во најразлични изданија, но најмногу внимание привлече видеото на кое во фокусот беше нејзиното деколте.

Маркетинг

Инстаграм/ Анастасија Гудељ

Имено, нејзината позната мајка пред само неколку дена го сруши интернетот со фотки на кои позираше во костим за капење.

Маркетинг

Цеца со нив покажа дека изгледа неверојатно и во шестата деценија од животот, а сега тоа го направи и нејзината ќерка.

Инстаграм/ Анастасија Гудељ

Таа се снимаше додека седи во кафуле, облечена само во бел топ без градник кој се врзува од предната страна токму на градите.

Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Ова нејзино издание никого не остави рамнодушен, па следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед.

И сваќата на Цеца грми во бикини

Оливера Гудељ, мајката на фудбалерот Немања Гудељ, често објавува фотографии со своето семејство.

Инстаграм/ Оливера Гудељ

Таа речиси на секоја фотографија е со своите наследници Вања, Немања и Драгиша, а во последно време често можеме да ја видиме и со снаата Анастасија Ражнатовиќ, сопругата на нејзиниот син.

Таа очигледно го посвети својот живот на воспитување на своите деца, но и денес кога тие пораснаа, е поприлично блиска со нив.

Инстаграм/ Оливера Гудељ

Од нејзините објави може да се заклучи дека има младешки дух, а од една од овие фотографии очигледно е и дека одлично изгледа.

Инстаграм/ Немања Гудељ

Имено, откако испливаа неколку фотографии на кои е нејзината сваќа, Цеца Ражнатовиќ, во костими за капење, многумина се заинтересираа како изглед и мајката на зетот на Цеца во едно вакво издание.

Инстаграм/ Немања Гудељ

Од фотографијата може да се види дека Оливера и по три бремености изгледа одлично, а дали е подобра од Цеца, проценете сами.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button