Пред неколку дена во медиумите како бомба одекна веста дека Душко Тошиќ е во врска со пејачката Ина Гардијан со која дури и сакал да стапи во брак.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Душко Тошиќ речиси никогаш не коментирал за неговиот приватен живот, па реши да молчи и овој пат. Имено во екот на аферата, тој ги спакувал куферите и заминал од дома со ќерката Ника Тошиќ.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Тие двајца отпатуваа за Будимпешта, каде ја бодреа репрезентацијата на Србија, во квалификацискиот натпревар за Европското првенство.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
По натпреварот Душко и Ника поминаа прекрасен ден во Будимпешта, од каде тој објави фотографија. И додека медиумите постојано пишуваат за неговата нова избраничка, тој не се рекламира и избира да биде грижлив татко, посветен на своите ќерки.
@.nikaspam Verujem u nas 🇷🇸❤️
Од друга страна, Јелена Карлеуша не сакаше да молчи. Таа проговори и откри што мисли за аферата за која зборува целиот Балкан:
фото инстаграм/Душко Тошиќ
– Секако, мојот сопруг не е во врска со пејачката Ина. Жал ми е ако ова ве потресе лично – напиша накратко Карлеуша, а истите наводи ги демантираше Ина Гардијан, за која се вели дека го освоила срцето на Душко:
фото инстаграм/Душко Тошиќ
– Ве молам да не пишувате за тоа бидејќи не е точно. Ми испратија пријателите и единствено што можам да кажам е дека нема врска – изјавила Ина за српски Информер.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Да потсетиме, српски Информер прв објави дека фудбалерот е во врска со седум години помладата пејачка Ина Гардијан, а во последно време нивната романса станала толку сериозна што дури размислувале и за брак.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Како што изјавил изворот за Информер, парот не ја крие својата љубов, па биле видени и како разменуваат нежности на сплав во главниот град, на приватна забава.
фото инстаграм/Катарина Гардијан
– Таа вечер Катарина пееше на приватна прослава на Ада, каде што беше и Душко. По некое време, кога повеќето гости си заминаа, почнаа да разменуваат нежности пред присутните – изјавил изворот за Информер, додавајќи:
фото инстаграм/Катарина Гардијан
– Нивната врска е сериозна, се што го спречува Тошиќ да ја запроси Катарина е тоа што Карлеуша не му даде развод. Тие двајца често патуваат и се неразделни – рекол изворот.