По Англија, уште една земја ги трга речиси сите мерки против КОРОНАВИРУСОТ – ова важи и за ковид сертификатите!
Ирскиот премиер Мишел Мартин соопшти добри вести
Ирската влада од саботата ги трга речиси сите мерки за спречување на ширењето на вирусот корона, јави ирската телевизија РТЕ, а пренесе БиБиСи.
Тоа значи дека клиентите повеќе не мораат да ги покажуваат своите ковид сертификати за да влезат во различни објекти.
Во баровите, рестораните и ноќните клубови исто така ќе им биде дозволено да се вратат своето вообичаено работно време, а на сила остануваат правилата за носеше маска во јавниот превоз и повеќето јавни згради.
Патниците и понатаму ќе мораат да користат ковид сертификати, кои покажуваат доказ за нивниот статус на вакцинација или на неодамнешни резултати од тестирања, за да патуваат во странство.
Се укинуваат и сегашните ограничувања за бројот на луѓе кои можат да присуствуваат на одредени настани. Владата исто така ги трга правилата за работа од дома за да го олесни постепеното враќање на работа, пренесува БиБиСи.
Министрите имаа состанок во петокот за да разговараат за препораките на Националниот тим за вонредни состојби во јавното здравје (Нпхет).
Овој тим во четвртокот вечерта даде поддршка за тргање на повеќето мерки воведени за да се сузбие ширењето на варијантата омикрон.
„Секако мислам дека ставот на целата влада е ако повеќе не постои здравствено образложение за било какво ограничување, тогаш нема ни политичко образложение, но постојат работи кои треба да се разработат за нешто што сега е нелегално да стане легално“, изјави пред новинарите заменикот на ирскиот премиер Лео Варадкар. Од друга страна, премиерот на Ирска, Мишел Мартин, во своето обраќање по завршениот состанок пред новинарите изјави дека „ова е добар ден“.
Бонус галерија
Креативни идеи за време на карантин
Погледнете како некои луѓе паметно го искористија своето слободно време што го имаа за време на изолација или додека траеше карантинот.
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит
Фото: Принтскрин/ Редит