По Адам Лабунски уште една Гранд ѕвезда влегува во ријалити? МИЛЕНИКОТ на Цеца ги изненади сите со својот одговор
Со својот шарм потсетува на Џејсон Момоа, а на многумина им личи и на македонскиот пејач Адам Лабунски …
Како што самиот открива за една телевизиска емисија, доколку се случи да влезе во еден таков телевизиски проект, таму би бил „вистински дебил кој нема грам мозок“ и уште на почетокот би направил некоја глупост.
Познатиот учесник во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, младиот и атрактивен пејач Жарко Маџиќ, по неколку кругови во натпреварот направи неочекуван потег за да се истакне меѓу своите останати колеги.
Имено, тој ги изненади сите кога на еден настап во шоуто се појави со голо торзо, со што ја воодушеви публиката, а на неговиот шарм не можеше да остана рамнодушна ни фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ. Тој и претходно учествуваше во ова шоу, кога доби голем број комплименти од Јелена Карлеуша, а сега откри дали планира да влезе и во ријалити, откако бројни негови колеги од естрадата на овој начин се обидоа да се прослават.
„Повеќе не е така, беше но повеќе не е. Ништо се нем променето веќе пет години, други актери, а улогите исти. Сиот талог беше исфрлен во првата сезона“, објасни пејачот во емисијата „Гранд магазин“ и откри дека неа никаква амбиција да се појави во еден ваков телевизиски формат.
Но како што вели, доколку би влегол, таму би бил вистински дебил кој нема мозок и уште на почетокот би направил глупост.
„Нема сигурно да влезам во ријалити и да се правам нормален и нешто да објаснувам. Би влегол и уште од вратата би ја смувал Милања Кулиќ, а потоа и Маја Маринковиќ и сите. Би бил најголемиот дебил бидејќи сум влезен заради тоа“, откри шармантниот Жарко во споменатата емисија.
Инаку, и поранешната македонска „Гранд ѕвезда“ Адам Лабунски реши да ги искористи овие ријалити програми за да добие поголема популарност. Тој влезе во „Задруга“ од слични причини, па со своето однесување често беше во центарот на вниманието и се наоѓаше на насловните страни во медиумите. Дали Жарко кој и физички потсетува на нашиот пејач ќе тргне по неговите стапки, засега никој не знае, но едно е сигурно, а тоа е дека и во иднина многумина како нив ќе ги користат овие емисии за да стекнат поголема слава.
Фото: Инстаграм/ Жарко Маџиќ
Фото: Инстаграм/ Жарко Маџиќ
Фото: Инстаграм/ Жарко Маџиќ
Фото: Инстаграм/ Жарко Маџиќ
Фото: Инстаграм/ Жарко Маџиќ
Извор: Гранд.онлајн, Гламур