Појадува како цар, вечера како просјак: Еве што на масата на Путин никогаш нема да најдете
Доволно е некој да фрли поглед на фотографијата на рускиот лидер за да признае дека Путин во 65. година од животот е во одлична форма во однос на своите врсници.
Најмоќниот лидер на светот, Владимир Путин појадува како цар, руча како крал и вечера како слуга.
Се храни здраво и денот го почнува во базен после што седнува на маса и јаде обилен појадок.
Путин ужива во руската кујна и на неговата чинија ретко можат да се најдат интернационални специјалитети.
Путин за појадок јаде каша, творог (младо руско сирење) со мед, а пие и сирови јајца од препелица. Тоа го кажаа новинарите кои во една прилика појадуваа со претседателот. Тогаш открија дека Путин сака да се напие и сок од рен и цвекло.
– Се навикнав на зелен чај… Обично не вечерам, немам време за тоа. Попладне се трудам да јадам овошје и да испијам кефир кога е тоа можно, а кога не е, подраго ќе ми биде да не јадам ништо, рече Путин.