Почнаа со снимање- еве кои новитети ќе ги има во новата сезона од НАЈГЛЕДАНАТА македонска серија на сите времиња!
Најпопуларната македонска серија повторно започна со снимање.
Добрата вест ја сподели на Инстаграм екипата на „Преспав“, а сите со нетрпение ја очекуваат шестата сезона.
Откако петтата сезона заврши минатата година, а пансионот се запали, малкумина очекуваа дека ќе се снима и шеста сезона, но сепак тоа се случи.
Ликовите на Коста, Ула, Талат, Дончо, инспектор Томе, Исаура, Марио, Миле и Јелена се враќаат на малите екрани.
-Преспав 6-та сезона или 5 сезони повеќе одошто очекувавте!
Започна снимањето на новата сезона на ТВ серијата „Преспав“, која меѓу телевизиските серии доживеа најдолг век, најголем успех и собра „армија од фанови- напишаа на официјалната страна Инстаграм на „Преспав“
Тие споделија и неколку фотографии и кратко видео од Јелена и Марио за најава на новата сезона која сите со нетрпение ја очекуваме.
Серијалот три години по ред доби и „Златна Бубамара на популарноста“ и е прогласена за една од најгледаните во Македонија!
Засега продуцентите не откриваат што не очекува во новата сезона, но имајќи предвид што се гледавме изминатите пет сезони, со сигурност не очекува вистинска забава и уште безброј незаборавни и интересни сцени и реплики од сите ликови.
Сепак еден мал детаљ откри Тијана или Ула која соопшти дека се бараат две мали палави момчиња кои ќе имаат нова улога во серијата.
Новите епизоди се очекува да бидат емитувани некаде пред Нова година, односно средина на декември, а сите со нетрпение очекуваме да видиме што ни подготвиле.