Вести

Почина славниот српски актер, го сакаше цела бивша Југославија

Advertisement

Денеска почина нашиот сопруг и татко Жарко Лаушевиќ на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти неговата сопруга Анита.

Жарко Лаушевиќ е роден во Цетиње, Црна Гора во 1960 година. Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Advertisement

Тој беше член на Југословенскиот драмски театар, каде играше улоги во голем број претстави. Дебитираше за филм во 1982 година, со улога во филмот „Прогон“. Брзо ја доби една од главните улоги во ТВ серијата „Сиви дом“ (1984), што му донесе голема популарност.

Лаушевиќ дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград. Бил член на Југословенско драмско позориште каде што има остварено улоги во голем број на претстави. На филм дебитирал во 1984 во филмот „Прогон“, а истата година остварува значајни улоги во филмовите „Савамала“ и „Директен пренос“. Голема популарност добива со улогата на Шиља во телевизиската серија „Сиви дом“. После тоа играл улоги во повеќе од 20 филмски и телевизиски серии помеѓу кои се: „Шмекер“, „Свечена обврска“, „Се случи на денешен ден“, „Офицерот со роза“, „Браќа по мајка“, „Битка на Косово“, „Оригинален фалсификат“, „Кажи зошто ме остави“, „Нож“.

кариера на талентираниот актер во 1993 година беше прекината од трагичен настан. Жарко Лаушевиќ и неговиот брат Бранимир беа нападнати од група хулигани во близина на еден бар во Подгорица, таа ноќ Жарко ги уби напаѓачите со пиштол, и тешко рани еден млад човек, додека тој се приближуваше да им се придружи на напаѓачите.

Тој беше осуден на 13 години затвор за двојно убиство. Казната ја издржа во Спуш и Пожаревац.

По укинувањето на пресудата од Сојузниот суд, по повторното судење во февруари 1998 година, тој беше осуден на 4 години затвор за двојно убиство од самоодбрана.

Бидејќи во тоа време тој веќе имапе издржано 4-5 години затвор, тој беше ослободен. Набргу потоа, ја напушти земјата и се пресели во САД.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button