Реклама
Наши ѕвезди

Почина скопскиот боем кој со песна го расплака целиот Балкан – ова е ќерка му која го стопи на сцената

Нивниот заеднички настап важи за еден од најемотивните во „Никогаш не е доцна“

Реклама

Настапот со неговата ќерка никого не остави рамнодушен

Поранешниот ракометар и некогашен учесник во „Никогаш не е доцна“ од Скопје, Горан Станковиќ, ја изгуби најважната битка во животот.

Ветеранот почина во 51 година од животот, а неговите бројни пријатели веќе со денoви се збогуваат од него преку социјалните мрежи.

Маркетинг

Горан пред неколку години се пријави во „Никогаш не е доцна“ каде што го имаше еден од најемотивните настапи во шоуто.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Тој тогаш на сцената настапи заедно со својата ќерка, по што не можеше да ги сопре емоциите и заплака на сцената.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Горан не ги криеше емоциите и кога се симна од сцената, па пред камерите откри што е она што го разнежни и зошто пушти солзи.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Како изгледаше овој емотивен настап на големиот скопски боем заедно со неговата ќерка, погледнете го во продолжение:

Инаку, Станковиќ е поранешен македонски ракометар и ракометен работник, а беше познат и по ноќниот живот во Скопје. Како што самиот велеше за себе, се занимавал со сé и сешто во животот и дека само поп не бил, но и дека најголема љубов му е музиката.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Тој со години беше дел од раководството на екипата Џуниор Кисела Вода, а беше и спикер на натпреварите на Металург и во Борис Трајковски.

Горан ќе остане запаметен и по неговите настапи полни со емоции во „Никогаш не е доцна“, а во една пригода водителката Драгана Катиќ не можеше да одолее, па заигра со него на сцената.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button