ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ ПЕЈАЧ Беше основач на популарната група, работеше со големи ѕвезди!

Основачот на Boney M, Френк Фаријан, почина на 82-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Германскиот пејач и музички продуцент, познат по хитовите „Распутин“ и „Daddy Cool“, почина мирно во својот стан во Мајами, Флорида.
Фаријан има работено со бројни суперѕвезди во текот на својата повеќедецениска кариера, вклучувајќи ги Стиви Вондер и Мит Леуф.

Продуцентот, кој го основа и дуото Milli Vanilli, има продадено повеќе од 800 милиони плочи, од кои 150 милиони се само со Boney M.
Здравјето на Фаријан веќе некое време беше сериозно нарушено бидејќи беше подложен на операција на срцето.
Во своето последно интервју за германскиот весник Билд во ноември, музичарот објасни како операцијата му го спасила животот.
Сепак, состојбата на Фаријан се влошила по процедурата, објави „Билд“.
Тој, исто така, имаше тешкотии да зборува.

Најдобрата пријателка и поранешна партнерка на Френк Фаријан, Ингрид „Мили“ Зегит (69) го посетила во Мајами за време на Новата година.
Кога пред неколку дена заминаа за Германија, тој и покрај неговата состојба сè уште беше добро.
– Френк беше физички многу слаб, но сепак беше полн со енергија – изјави тогаш Зегит за Билд и додаде:
– Тој цел ден седеше во студио и работеше на нова музика – изјавила таа, пишува „The Sun“.




