Почина познатиот македонски пејач – оваа песна ќе ве расплаче, во спотот се појавува и неговиот син
Неговите песни ќе останат засекогаш да се слушат
Преголема тага
Познатиот македонски фолк-пејач и композитор Далибор Даки Ѓошиќ почна денес на 41 годишна возраст.
Тажната вест ја објавија на официјалната страница на ансамблот „Танец“ каде што Далибор работеше од 2007 година.
„Со длабока тага ја примивме веста дека денеска, по кусо и тешко боледување, на 41-годишна возраст не напушти нашиот колега Далибор Ѓошиќ, кој ќе остане запаметен по неговите врвни вокални интерпретации со ансамблот Танец, насекаде низ светот.“, пишува во нивната објава со која тие преку фејсбук изразија длабоко сочувство до неговиот син Стефан и до неговото семејството.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
На социјалните мрежи неговите колеги се збогуваат од него, а една од нив е и Елена Јовческа со која Далибор имаше снимено дует.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Веста за смртта на познатиот и млад музичар ги погоди сите, посебно оние што го знаат неговото творештво.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Тој е композитор на многу познати фолк-хитови и има соработувано со речиси сите наши поголеми ѕвезди, а еден од неговите најголеми хитови е песната „Животе мој“ како и песната „Плачи, плачи“.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Потсетувајќи се на овие негови стари хитови, многумина ги слушаат со солзи, посебно песната „Животе мој“ во која пее со синот.
Имено, неговиот син Стефан се појавува во спотот на оваа песна и таа е еден од неговите најголеми хитови.
Оваа балада на Далибор прв пат беше отпеана на Роса фест во 2014 година, а Дaки пред неколку години реши да ја екранизира.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб