Вести

Почина познатиот актер – Ја загуби битката со опаката болест!

Advertisement

КИТ Џеферсон, актерот кој работеше со Квентин Тарантино на филмовите Django Unchained, The Hateful Eight и Once Upon a Time in Hollywood, почина на 53-годишна возраст.

Почина на 53 години, два месеци откако објави дека му е дијагностициран рак, пренесува „Фокс њус“.

Advertisement

„Длабоко сум тажен поради смртта на Кит. Тој беше огромен талент и тоа е голема загуба за уметничката заедница.

Тој имаше неколку проекти во подготовка и беше во средината на проектот што го долови неговиот уникатен и звучен глас. Со нетрпение чекаше да се врати во новата година.

Моите мисли и молитви се до неговото семејство и блиските пријатели“, изјави претставникот на Џеферсон.

Кит беше релативно отворен за процесот на лекување со своите обожаватели, иако прво не сакал да ја сподели дијагнозата на рак со јавноста.

Тој во една пригода објаснил дека кога првпат му бил дијагностициран рак, морал да престане да работи, да паузира и не сакал да ја сподели тажната вест со никого.

Актерот глумеше и во „Once Upon a Time in Hollywood“ заедно со Бред Пит и Леонардо Дикаприо. А, со Тарантино работеше и во „The Hateful Eight“.

Неговиот колега и драг пријател Џејми Фокс на социјалните мрежи сподели емотивна порака по веста за неговата смрт.

„Сè боли во моментов, тешко ми е да ги гледам овие слики и да ги оживеам сеќавањата на нас како си поминувавме одлично, ќе ми недостигаш човеку, ќе ми недостигаш…“ објави Фокс на Инстаграм.

Инаку Џеферсон е роден во Хјустон, а неговите родители биле Лови Џеферсон и покојниот Едвард Џеферсон.

Покрај тоа што беше талентиран актер, Џеферсон како млад бил успешен спортист, играјќи рагби и кошарка во средното училиште Ајзенхауер.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button