Вести

ПОЧИНА ПОЗНАТА АКТЕРКА: Имаше само 41 годинa, но не успеа да победи во најтешката битка

Advertisement

Веста за смртта на познатата актерка ја објави нејзиното семејство на официјалните страници на актерката на социјалните мрежи

Катја Томпос, актерка со унгарско потекло, почина на 41-годишна возраст од ретка форма на рак.

Advertisement

Веста за смртта на познатата актерка ја објави нејзиното семејство на официјалната страница на актерката на социјалните мрежи.

– Драга наша Катја, се збогуваме со тебе. Со голема болка ве известуваме дека утрово мирно меѓу семејството почина Катја Томпос. Многу ѝ значеше тоа што по веста за неjзината болест, целата земја се раздвижи, се обедини и ја поддржа. Оваа љубов ѝ даде сила и ги исполни последните недели со надеж – пишува меѓу другото во објавата на Фејсбук.

Advertisement

– Во име на семејството уште еднаш ви благодариме што и покажавте на Катја колку ја сакате. Почивај во мир, никогаш нема да те заборавиме! – се додава во објавата.

Пред две години и бил дијагностициран рак

Во 2022 година и беше дијагностициран редок облик на рак. Поради терапијата морала да ги откаже сите настапи. Таа почина само неколку дена откако колегите и музичарите собраа пари на хуманитарна вечера за нејзиното лекување со медицински интервенции кои не се достапни во Унгарија, пишува Република.

Покрај филмската кариера, таа беше многу активна во театарот и сними неколку албуми. Музиката, како и глумата, беше нејзина голема љубов.

Таа глумеше во високо оценети унгарски комедии како што се „Излегување од плакарот“, „Полигамија“ и „Магични деца“. Во театарот играла во класични драми на Шекспир, но и во претстави на најзначајните унгарски писатели.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button