Реклама
Новости

Почина познатата „бикини планинарка“ – падна во клисура и се смрзна

Реклама

Џиџи Ву (36), познатата бикини планинарка од Тајван, почина откако падна во длабока клисура, објави Би-Би-Си.

Џиџи стана позната на социјалните мрежи поради објавувањето на провокативни фотографии од освоени врвови или планински предели носејќи само бикини. Таа самата се нарекуваше „бикини планинарка“.

Маркетинг

Почина од студ

Откако паднала во провалијата, Џиџи Ву успеала да контактира со еден свој пријател кој веднаш побарал спасувачка служба, но поради лошите временски услови, спасувачите пристигнале премногу доцна, а кутрата девојка замрзнала и умрела од хипотермија, јавуваат локалните медиуми.

Маркетинг

Иако беше позната по своите екстравагантни фотографии кои ги комбинираше со нејзината голема љубов кон природата и оскудната облека, Ву беше и искусна планинарка кој секогаш носеше соодветна планинарска опрема и ги применуваше сите неопходни мерки на претпазливост.

Сакаше да се искачи на највисокиот врв

Трагична несреќа се случи кога Ву патуваше сама низ планините во Националниот парк Јушан.

Противпожарната служба во Нанту доби информации дека Ву доживеала несреќа при искачување на највисокиот врв во Тајван и пропаднала дваесет метри во тесниот кањон, пишува „Daily Mail“. Поради тешките повреди не можеше да се движи и остана заробена во тесниот прелаз.

Поради лошите временски услови, спасувачкиот хеликоптер не успеал да полета, па спасувачите мораа да одат пешки до неа. Тие го пронајдоа нејзиното безживотно тело еден ден по несреќата, во понеделникот, откако цела ноќ беше заглавена,  а температурите биле околу точката на смрзнување.

Во едно од нејзините последни интервјуа што го даде за Фокус Тајван во 2018 година, таа објасни дека добила идеја за поставување планинарски фотографии во бикини на Фејсбук и Инстаграм откако загубила опклада со пријател. Таа само во 2018 година поминала 127 дена низ највисоките планини во Тајван, а паднала и се повредила и во декември, но раните тогаш не биле толку сериозни.

Поврзано

Back to top button