Реклама
Новости

Почина мајка со своите две деца бидејќи семејството ја избрка поради менструација

Реклама

Амба Бохара од Непал почина откако нејзиното семејство ја избрка од дома затоа што имала менструација.

 

Маркетинг

Несреќната жена била пронајдена мртва во студена колиба со нејзините две деца. Телата беа пронајдени скупчени едно покрај друго, а децата имаа само седум и девет години. Причината за смртта најверојатно е гушење, бидејќи мајката запалила оган, за да се загрее во студената колиба каде што требало да бидат на крајот на нејзиниот период.

Телата биле пронајдени откако нејзината снаа забележала густ чад кој излегува од колибата. Сопругот на починатата жена изјави дека неговото срце е скршено и дека не знае како ќе продолжи без неа и синовите.

Маркетинг

Не е познато зошто несреќната сопруга наместо сама куќата ја напуштила со децата и со нив отишла во колибата.

Жените во Непал нивните семејства ги бркаат надвор од семејните домови за време на менструацијата. Тоа е древна традици кај Хиндусите која тие ја нарекуваат чаупади (chhaupadi), и се базира на тврдењето дека жените се нечисти за време на нивниот месечен период.

Непалската полиција ги испитува околностите на овој несреќен случај, пренесе Си-Ен-Ен.

Традиција

Ваквата традиционална пракса жените да се протеруваат од семејниот дом за време на менструација од 2017 година е забранета со закон во Непал, но таа се уште широко се применува во зафрлените, рурални подрачја.

Ова не е прв таков трагичен случај да се случи за време на протерување на жените во колибите за менструација. Поради таквата пракса, која локалците ја викаат чаупади, веќе неколку жени се има задушено, а најмалку една тинејџерка почина поради гризнување од змија.

Според традиционалното верување, кое потекнува од хиндуизмот, жените додека им трае менструацијата или веднаш откако ќе се породат се сметаат за нечисти и дека предизвикуваат лоша среќа, па затоа се приморани да спијат во мали колиби кои се наоѓаат покрај главната куќа.

Нечисти се и не смеат да ги допираат мажите

На овие жени додека им трае менструацијата забрането им е да ја допираат стоката и мажите, не смеат да пристапуваат до одреден вид храна, а може да им биде забранет и тоалетот во главната куќа па често мораат да поминат големи растојанија за да се оддалечат доволно од селото како би можеле да се избањаат или да завршат голема нужда.

Тие често се изложени на екстремен студ и криминални напади, а на младите девојки во овие денови не им е дозволено и да одат на настава.

Според непалскиот закон, секој што ќе присили жена поради чаупади да го напушти домот ќе биде казнет со три месеци затвор и парична казна од 27 долари.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button