Почина Македонец во Италија – се собираат донации за да биде погребан дома

Во Италија почина Ванчо Арсов од Делчево. Најблиските апелираат за помош. Ванчо да биде погребан дома.
Тој е втор нашинец кој за една недела почина во странство објави телевизија Стар.

Во Италија, во Акви Терме, на 48 годишна возраст ненадејно почина Ванчо Шани Арсов од Делчево кој во оваа земја со семејството на работа е подолг период…
-Здраво, јас сум Сузана собирам донации за фамилијата на мојот зет Ванчо Арсов. Тој ненадејно почина на ден 11.01.2024 година од срцев удар.

Мојата золва, со две малолетни деца се најде во непредвидена ситуација со многу финансиски трошоци кои не може сама да ги покрие.
Од овие причини Ве замолувам кој колку е во можност да донира за да можеме барем малку да и помогнеме во овие тешки моменти, кога остана сосема сама со две малолетни деца.
Ви благодарам многу! Секој што сака да донира, може да го направи тоа со клик – ТУКА.




