Баба и дедо беа во брак цели 70 годин и го напуштија овој свет во ист ден, држејќи се за рацете – во ист ковчег и ги закопаа! (фото)
Овој пар и смртта не успеа да ги раздели
Фото: Илустрација
Норма и Френсис Плател од Австралија починаа на 6 јануари оваа година. Тие биле во брак 70 години, и умреле во дом за стари и немоќни лица во кои и двајцата останале. Тие беа и заедно погребани. „Татко ми беше од левата страна, а мајка ми од десната, исто онака како што цел свој живот спиеја во креветот. Ако може срцето да пукне од тага, моето се распадна тој ден додека ги гледав заедно за последен пат, рамо до рамо, како што беа повеќе од 70 години “, напиша нивната ќерка Аманда Плател, новинар на „Дејли мејл ”
Фото: Илустрација
На денот на нивната смрт ги посетила медицинска сестра, а кога се вратила во собата, по десет минути, и двајцата биле починати. Времето помеѓу двата смртни случаи беше толку краток што докторот не можеше да одреди кој умрел прв, па во извештајот напишал дека починале истовремено.
A Love Like No Other: AMANDA PLATELL tells how her parents died hand in hand within minutes of each other – an end that perfectly mirrored two lives entwined as. pic.twitter.com/vjj7iLhpw7
— Hemn heyni K24 (@hemnheini3) January 28, 2019
„Тие умреа заедно во мир. Татко ми пред неговата смрт ми кажа дека би сакал да си оди дома. Не знам дали мислеше на неговата куќа или на рајот”, изјави нивната ќерка. Во домот за стари лица, прва заврши Норма која боледуваше од Алцхајмерова болест. Френсис со години секојдневно ја посетувал, а потоа на крајот ѝ се придружил во домот. Иако во последниве месеци таа потполно го изгубила своето сеќавање и и не можела да зборува, тие не престанале да се држат за рацете се додека и не починале заедно.