Реклама
Вирално

Поучна приказна на докторка што секој треба да ја прочита: „Вчера во амбулантата влегува постар човек со маска…“

Реклама

Социјалните мрежи во Хрватска се преплавени од статусот на докторката и блогерката Ива Вулетиќ за тоа што се случува деновиве.

Оваа докторка со својата сестра Петра го води профилот, а нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

Маркетинг

Вчера во амбулантата влегува постар човек со маска. Дојде по рецепт што му го препиша докторот. Во моментот е на процес на хемотерапија. Неговите леукоцити најверојатно му се околу 1 (читај – нема имунитет).

Моето прашање секако беше дали знае што се случува околу него и дека е во најризичната група за зараза, па зошто не испратил некој друг да го подигне неговиот лек од болницата. Помалку бев бесна, но и разочарана и едноставно не ми се веруваше… Тој ми вели дека нема никој свој, а неговата сосетка сигурно не би отишла бидејќи е во паника.

Маркетинг

Епа драги луѓе, како докторка ве замолувам, во оваа џунгла да не ги заборавите оние мали, загрозени, слаби и немоќни. Нема смисла тие да одат по ходниците, аптеките и продавниците. По зградите и низ маалото оставете свое бројче од телефонот со порака дека за нив ќе отидете до аптека или продавница. Да ги заштитиме најслабите. Не вртете ја главата!

На овој начин апелирам и на колегите „блогери“ и сите останати со било какво медиумско влијание да ги поддржат медицинските лица и преку своите канали да му порачаат на народот да седи дома и да им помогнеме на загрозените. Ни треба помош, не можеме сами, порача таа.

Во Хрватска и оние што пристигаат од Македонија одат во изолација

Инаку, хрватските власти вчера речиси на цела Европа го проширија кругот со земји од кои по влегување во земјата ќе мораат во самоизолација од 14 дена, мерките подеднакво важат и за хрватските за странските државјани.

Па така сега во самоизолација покрај останатите ќе одат и оние што пристигнуваат од Словенија, Австрија, Швајцарија, Шпанија, Холандија, Германија, Велика Британија, Франција, Словачка, Чешка, Полска, Унгарија, Албанија, Црна Гора, САД, Канада, како и од Македонија.

Ве чекаме дома, им напиша Никола Димитров

Министерот Никола Димитров информира дека заглавените македонски превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница, а на пат кон дома се и патниците кои со часови чекаа на границата меѓу Унгарија и Србија.

-Долг ден ама вредеше. Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница, со обезбедена траса преку Хрватска и Србија.

Граѓаните што денот го поминаа на Бајаково/Батровци на хрватската страна, влегуваат во Србија.

Исто така, голема група македонски државјани кои чекаа на преминот Хоргош во Унгарија почнаа да влегуваат во Србија. Ве чекаме дома!, напиша Димитров.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button