Реклама
Наши ѕвезди

Потресно сведочење на Милица Тодоровиќ која ја победи короната: Стојам во ред, луѓе доаѓаат во ковид центарот, чекаат во неизвеснот, плачам…

Реклама

Милица Тодоровиќ направи два теста после карантинот и сега конечно може да се сврти кон вообичаените активности зошто е негативна на коронавирус. Сепак истакнува дека не била многу загрижена во текот на изолацијата зошто имала полесни симптоми на вирусот, а во сето тоа најмногу и помогнало тоа што времето го поминувала заедно со нејзината пријателка и колешка.

– Славица и јас се знаеме 15 години, во контакт бевме цело време во претходниот период, а последните години интензивно се гледаме и дружиме. Кога во рок од 2 дена дознавме дека сме позитини, одлучивме да бидеме заедно тие 14 дена, а испаднаа нешто повеќе, зошто заедно ни беше многу полесно да го протуркаме карантинот. Мојата мајка Јасмина исто така беше со нас во текот на карантинот, зошто таа дојде од Крушевац на неколку дена да биде со мене, и ете се случи короната. Славица и јас бевме позитивни, а мајка ми не. Односно тестот и беше негативен, но ние се сомневаме дека и таа имала корона, објаснува Милица за „Блиц“ и истакнува дека кога им било физички лошо си наоѓале начин за смеење и разонада:

Маркетинг

– Кога имавме сили, што беше ретко, зошто температурата постојано не исцрпуваше, ние тоа го користевме за да се смееме, и барем на тој начин да си олесниме едни на други. Главноспиевме кога константната температура ќе не исцрпеше, но игравме и разни игри, гледавме серии, се сеќававме на случки од нашите заеднички патувања, зборувавме со пријатели преку видео врска и така ни беше последно да пребродиме се.

Маркетинг

Пејачката истакнува дека таа и Славица одлично се слагале и со нејзината мајка Јасмина во теот на целиот карантин.

– Одлично се сложувавме. Јасмина е најинтересна од сите нас заедно, така што ни беше супер што и таа е тука за да ни помогне, раскажува Милица Тодоровиќ, која не крие дека главно порачувале грана зошто биле исцрпени за било каков вид домашни работи, па и за готвење:

– Живеевме на инфузија неколку дена, така што слабо се јадеше, но главно и порачувавме храна, бесконтактно, така што курирот пред врата ја оставаше доставата, а кога си одеше ние ја земавме. Храната сепак ја готвеше Јасмина. Лесна храна, витамински салати. Чистевме сите зедно, едноставно ништо не ни беше проблем освен температурата, малаксаноста и болките во глава.

https://www.instagram.com/p/CC0Wn9Ag99-/

Милица исто така тврди дека не била премногу исплашена во борбата со ковид-19, но дека и натаму строго води сметка за сите епидемиолошки мерки.

https://www.instagram.com/p/CBv8x0oAfkW/

– Позитивец сум и никогаш немам црни мисли. Едноставано ќе биде онака како што Господ ќе намести, верувам во тоа. Немав воспаление на белите дробови, па затоа и не паничев, само едвај чекав се да помине зошто е исцрпувачки три недели само да лежите во кревет, да мерите температура, да примате инфузија и така натаму. Но, фала на Бога, сето тоа заврши. И овој пат сакам да апелирам до сите луѓе да се чуваат, зошто колку и да изгледа едноставно и не толку страшно, не е баш така.

https://www.instagram.com/p/CDHhlokg0uQ/

Инаку, Милица раскажа и за моментот кој целосно ја скршил:

https://www.instagram.com/p/CCYT32ZH12M/

– Висока температура, главоболка, малаксаност. Страшно ми беше што во ковид центрите ги гледав сите тие луѓе кои доаѓаат кога јас одев од болница во болница на анализи. Тогаш ме обзеде страв зошто гледав дека доаѓаат многу луѓе додека чекав на ред. Почнав да плачам од немоќ, се потсетува пејачката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button