ПОТРЕСНО ВИДЕО ОД МЕСТО НА НЕСРЕЌАТА Синот на пејачката загина додека го возел автобусот

Амар Шабиќ (27), син на познатата босанска пејачка Лејла Леки, загина во сообраќајна несреќа на 27 октомври.
Имено, Амар загина додека возел автобус, а на Фејсбук профилот на неговата мајка е објавено видео од несреќата на кое се гледа дека возилото излетало од патот.

Се уште не се познати околностите под кои тој починал.
Лејла Шабиќ остана без синот, а пред два месеци нејзиното семејство остана загуби еден член

Синот на босанската пејачка Лејла Шабиќ, Амар (27), загина во сообраќајна несреќа што се случи во петокот на 27 октомври во Тузла.
Пејачката попозната како Лејла Леки по тој повод се огласи на Фејсбук, каде што ја отстрани фотографијата на профилот и ја замени само со црна позадина и ја објави потврдата за смртта на нејзиниот син.

Лејла, судејќи по објавите на социјалната мрежа, пред нешто помалку од два месеци го изгубила својот татко. Пејачката се прости од него на Фејсбук и им се заблагодари на сите за поддршката што ја доби.
„Драги мои пријатели, од се срце ви благодарам за пораките испратени по повод смртта на татко ми, ми бевте моја поддршка, една голема болка ќе остане во мене до крајот на мојот живот која никогаш не можам да ја избришам

Животот продолжува, а ако Господ сака да почнам со работа, јас продолжувам со мојата работа, па ќе ги почитувам сите настани поврзани со вашите прослави“, напиша тогаш пејачката.
За потсетување, во петокот околу 16 часот и 50 минути во Полициската станица Запад било пријавено дека на улицата Никола Тесла која ги поврзува јужните и северните патишта се случила сообраќајна незгода во која учествувал автобус на јавен превоз.

На снимката која ја објавија босанските медиуми се гледа превртениот автобус во кој загина младиот Амар, кој долги години беше возач.
Се уште не се познати околностите под кои тој починал.




