Реклама
Вирално

Потресни сцени во болничката соба во која е сместена малата Моника – тишина, низ ходниците не смее никој да помине

Реклама

Не смее ни мува да прелета

Како што пренесуваат српските медиуми, детското одделение во кое се наоѓа малата Моника Каримановиќ е целосно парализирано.

Маркетинг

Во болницата има голем број полициски службеници кои го чуваат девојчето, а до неа не може да дојде никој освен докторите.

Ходниците во болницата се празни и пусти, а бидејќи на Моника никој не смее да и’ дојде на посета, се чувствува осамено и тажно. Таа е сама во собата, лежи во болничкиот кревет и е во тешка психофизичка состојба, изморена и со гребаници по целото тело, пренесува Курир.рс.

Маркетинг

Моника која 10 дена беше со Малчанскиот бербер даде исказ за полицијата и објасни што се случувало за тоа време.

Таа беше пронајдена по 10 дена потрага од страна на полицијата и жителите. Беше пронајдена во една напуштена викендичка, а Нинослав Јовановиќ, попознат како Малчанскиот бербер, избега и се уште се трага по него.

Берберинот беше избричен, кратко ошишан, не е запуштен. Носеше кафеава кожена јакна и имаше црни панталони, откри Емил Живиќ, човекот што ја пронајде Моника во напуштената викендичка во српското село Пасјача.

Креветот во кој спеила Моника (Курир.рс)

Инаку, претходните денови се пишуваше дека берберот е запуштен, дека има брада и дека изгледа валкано.

Инспекторот од Ниш, Златко Нововиќ, кој беше првиот полицаец што ја видел Моника во куќата во селото Пасјача, за медиумите откри дека девојчето седело на креветот, преплашена. „Беше бледа, бледа како крпа“, вели тој и додаде дека првото нешто што го кажала било:

„Ве молам, не ме тепајте“.

Поврзано

Back to top button