Потресни зборови со кои Енес се збогуваше од својот син – МАЈКАТА И СОПРУГАТА не беа на погребот (фото)
„Сине мој, ова е последното збогум, засекогаш ќе те сакам“
Синот на пејачот Енес Беговиќ, Армин Беговиќ, кој почина пред два дена денес беше погребан на гробиштата во Сараево.
Како што објави портал „Дневни аваз“, река тажни луѓе меѓу кои се пријателите и членови на семејсвтото беа на гробиштата да го испратат во вечното почивалиште синот на познатиот пејач.
„По нашиот верски обичај жените остануваат во куќата и тука се одржува чин, а на гробиштата одат мажите“, изјави за српскиот Телеграф кумата на пејачот, Елвира Рахиќ.
Маркетинг
Од овие верски причини мајката и бремената сопруга која во секој момент треба да се породи, не присуствуваа на погребот.
На погребот, Енес се збогуваше од синот тивко, со солзи на очите:
„Сине мој, ова е последното збогум, засекогаш ќе те сакам“, изјави со солзи на очите познатиот босански пејач.
Потсетуваме, Армин ја изгуби битката во 30-та година од својот живот. Неговиот татко до последен момент беше со него, и како што пренесуваат медиумите, тој починал буквално во неговите раце.
Погребот беше одржан денес, на градските гробишта Баре во Сараево, градот во кој живееше и работеше Армин.
Како што пишува „Ексклузива.ба“ тој од самото раѓање имал автоимуно заболување со кое се борел со години, а најголема улога во неговата секојдневна борба имал и татко му Енес.
Тие заедно посетиле голем број клиники и доктори, а лекот што го нашле пред неколку години, Армин го примал секој месец. Во прашање се скапи инјекции кои ја стабилизираа неговата состојба, но по некое време ситуацијата повторно му се влошила.
Како што раскажува извор близок до семејството, Армин се лечел и во Турција, но сé било тешко бидејќи во прашање е болест на коските.