Реклама
Вирално

ПОТРЕСНА СНИМКА: Доктор се расплака кога по 2 месеци го виде својот син, но не смееше да го допре

Реклама

Необична емотивна снимка почна да кружи по кинеските социјални мрежи, а на снимката е прикажана средба на татко со петгодишниот син по два месеци, период во кој биле разделени поради тоа што таткото е лекар по професија.

Само чекор го делеше Хоу Сијуан, лекар кој е еден од 137 лекари од Вухан, епицентарот на заразата со коронавирусот, кога дојде во својот роден крај. Но тој еден чекор не смееше да го направи, зошто сега нужно беше да биде во самоизолација од своето семејство во наредните 14 дена.

Видео снимката го фати моментот на неговата блиска средба со синот, по 55 дена интензивна борба со коронавирусот, време колку што беше одвоен од своето семејство.

Маркетинг

Малото дете се обиде да му пријде на таткото, додека еден сограѓанин го држеше, забранувајќи му, свесен за опасноста на која се изложува малото дете, а кое не е свесно дека поради желбата да го гушне својот татко, кој долго не го видел.
Кинескот лекар беше во солзи зошто првпат го виде синот по два месеци.

Споменатиот лекар е дел од првата група, медицински работници, кои по долго отсуство се врати во својот дом во провинцијата Лјаоинг, на североистокот од Кина, пренесува Дејли Мејл.

Маркетинг

Жителите на ова место со цвеќе во раце и со солзи во очите ги дочекаа хероите, медицинските работници кои со мали автобуси, со полициска придружба, дојдоа во своите домови.

Извици за добредојде се слушаат на местото на нивното враќање, а луѓето возбудено им мавтаа.

– Ги чекавме да се вратат, сакав да ги испочитувам и лично да ги пречекам – вели една жителка на Лјаоинг, која со своето присуство сакаше да го увеличи овој момент.

Од мали до стари, сите со голема гордост го дочекаа автобусот кој ги превезуваше хероите, борците против коронавирусот.

– Исклучително сум возбуден, дојдов да ги дочекам моите деца кои се враќаат од Вухан – наведе еден 71- годишен старец.

Моментално бројот на заразени во Кина изнесува 81.008 додека бројот на оние кои од вирусот се опоравија се искачи на 71.740, a бројот на оние кои не ја победија болеста е 3.255.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button