Потресна порака на пејачката Александра Пријовиќ– почина близок член од семејството
Александра Пријовиќ сподели тажни вести на Инстаграм
Познатата пејачка Александра Пријовиќ на Инстаграм го сподели својот последен поздрав и тагата за нејзиниот дедо. Таа објави заедничка фотографија со него, а од описот што го напиша можеме да видиме колку била приврзана за него.
„Мил мој дедичко, не можам да ти ја опишам мојата тага и болка“ пишува во пораката со која Александра преку социјалните мрежи се збогуваше со дедото.
Само да потсетиме, Александра на 21 јуни 2018 година се омажи за Филип Живојиновиќ, а нејзиниот дедо Бора Михајловиќ поради лошата здравствена состојба не можеше да присуствува на нивната свадба.
Александра тажната вест за смртта ја затекна во Монте Карло каде отпатува со својот сопруг за да ја прослават годишнината од бракот.
Таа беше многу приврзана со него бидејќи кога нејзините родители се разведуваа, пејачката живееше со него.