Потврдено од експерти: Овие се јасни знаци дека сте прележале корона, а можеби не сте свесни за тоа
Додека земјите ширум светот се соочуваат со нагло растење на бројот на заболени од коронавирус, многу медицински експери веќе со месеци ги проучуваат пациентите кои ја прележале болеста ковид-19 за да откријат како го напаѓа телото.
Истражувањето од Ерусалим откри нешто што сите ние треба да го знаеме: 50 отсто од пациентите заболени од ковид доживуваат општа слабоста по борбата со коронавирусот, без оглед дали се работи за потешка или полесна клиничка слика.
„Најмалку половина од ковид пациентите и натаму страдаат од општа слабост и потешкотии со дишењето со недели по опоравувањето, покажуваат прелиминарните резултати од израелското истражување“, пренесува и24.
Пулмолошкиот институт во Медицинскиот центар „Шаре Задек“ во Ерусалим објави во неделата свои наоди кои се однесуваат на десетина пациенти заболени од ковид-19, со умерена до сериозна состојба.
Околу 50 отсто од нив имале ист симптом – општа слабост по опоравувањето, кое не е поврзано со тежината на болеста.
Исто така, истражувањето откри дека пациентите со полесна клиничка слика може да имаат долготрајно оштетување на белите дробови, додека оние со посериозна состојба не мора нужно да пријават слични тегоби.
„Меѓу симптомите кои ги испитувавме пронајдовме општа слабост кај повеќето испитаници, кашлање и краток здив, појава на фиброза/ белодробна емболија, опструкција и сомнеж за белодробна хипертензија“, рече професорот Габриел Избики, деректор на Пулмолошкиот институт кој го покрена ова истражување.