Постојано ја обвинуваат дека користи Фотошоп, но откако се појавија необработените фотографии следуваше шок (фото)
Таа е Инстаграм сензација со долги нозе и очи како на мачка.
Оваа година заведува по разните италијански и француски дестинации на кои се одмара со новопеченото момче, сопственикот на галерија Вито Шнабек, кој пред да биде со неа беше во врска со бројни славни убавици.
По долгогодишната врска со германскиот топ модел Хајди Клум, Вито беше во љубов и со актерката Амбер Херд, а од својата нова девојка, убавата романска манекенка Маделина Генеа не се одвојува во последните неколку месеци што можеме да видиме и од нејзиниот Инстаграм.
Нивната љубов очигледно е во одлична кондиција а занесната бринета неодамна додека се сончаше покажа дека има фантастично тело и без фотошоп.
30 годишната убавица овој пат уживаше во Италија заедно со својата ќерка Шарлот што ја доби со романскиот милионер Метју Стратана.
Наводно проблемите со нејзиниот поранешен сопруг и таткото на нејзиното дете започнале откако се роди малата Шарлот, а нив ги создавала токму Мадалина која постојано му префрлала на својот партнер поради што константно се расправале. Извори блиски до парот открија дека тој се обидел да ја спаси нивната врска, но не успеал во тоа.