Реклама
Вирално

ПОСТОИ ЕФИКАСНА БОРБА ПРОТИВ КОРОНАТА: Ковид-19 со оваа метода на дезинфекција нема шанси

Реклама

Досега се објавени многу истражувања кои со сигурност може да потврдат дека еден од најчестите начини на пренесување на коронавирусот е преку капки. Со кивање, кашлање или при гласен говор од носот или од устата на заразеното лице се исфрлаат илјадници ситни честички кои содржат коронавирус.

Најкрупните честички поради својата маса најблиску паѓаат и завршуваат на тлото или на предметите во околината, додека оние најситните може да поминат и повеќе часови лебдејќи во воздух. Истражувањата упатуваа дека ковид-19 може да се „собере“ и преку аеросолен пат, односно со вдишување на воздух контаминиран со вирусот, како и со контакт со површината на која е присутен вирусот, а потоа со допирање на слузокожата на носот, устата или очите.

Маркетинг

Се претпоставува дека дури и крупните капки кои завршиле на подот и не се во висина на човечките респираторни ограни, кога ќе се исушат, може да бидат подигнати по пат на струење на воздухот и со останатите ситни честички од прашината повторно да може да дојдат на висина каде човекот може да ги вдише.

Маркетинг

Засега не постои целосна согласност во стручните кругови колку коронавирусот опстојува надвор од човечкиот организам на различни материјали. Некои студии тврдат дека на стакло, пластика и метал може да опстане девет дена, а во идеално судени услови и над дваесет.

Постои и полемика дали неговото присуство значи и еднаков инфективен потенцијал после толку време поминато надвор од домаќинот или вирусот значително изгивл на инфективноста. Евидентно е дека постојат некои дилеми околу начинот на кој се пренесува коронавирусот, должината на неговиот опстанок во надворешниот свет, но постојат и препораки кои се неспорни и околу нив сите релевантни чинители се согласни – физичката дистанца оневозможува пренесување на вирусот, личните заштитни средствата доколку соодветно се применуваат како и дезинфекција на предметите и просторот кои се инфективни или се потенцијално инфективни поради големата секојдневна фрекфенција на луѓе. Во таквите простори спаѓаат лобито во банките, поштите, државните и јавните институции, градскиот превоз, јавните тоалети, трговските центри, автобуските постројки, аптеките, хипермаркетите, продавниците, канцелариите, факултетите, училишните и предшколските установи.

Покрај редовното санитарно чистење и одржување на хигиената на местата со поголема фреквенција на луѓе, потребно е што почесто да се врши третманот на дезинфекција.

Според препораките на СЗО и Европскиот центар за превенција на заразни болести, утврдено е дека треба да се користат следните препарати во процесот на дезинфекција од ковид-19: натриум хипохлорит 0.05-0.5%, етанол 70%, формалдехид 0,7%, глутаралдехид 2%, изопропанол 50%, бензалкониум хлорид 0,05%, натриум хлорид 0,23%, повидон јод 10% (1% јод)…

Покрај изборот на препарати, потребно е да се избере и адекватна метода на апликација на средствата во зависност од конкретните околности.

Како најсеопфатен третман на затворени простории е УЛВ ладното замаглување кога со апарат се исфрлаат ситни честички на раствор за дезинфекција при што се создава магла па честичките од дезинфициенсите долго лебдат во воздухот и влегуваат во сите пори на просториите кои се дезинфицираат, дури и до оние места каде тешко се стигнува со електрични или рачни прскалки.

Процесот на дезинфекција со примена на современи уреди може да се реализира за релативно кратко време целосно безбедно по лицата кои ќе престојуваат и ќе работат во ретираниот објект, и што е најважно, просторот е ослободен од патогени микроорганизми и безбеден за вработените, клиентите и посетителите.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button