Постариот син на Брена по цела година прв пат се појави во јавноста – неверојатна промена, НЕМА да го препознаете!
Постариот син на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ, во 2019 година репи да се повлече од јавниот живот.
Иако имаше голем број фанови, тој преку ноќ ја донесе таквата одлука и во истиот момент како да исчезна. Неговите бројни фанови од тогаш се прашуваат што се случува со него, а неговата одлука ги скрши срцата на голем број претставнички на понежниот пол кои го следеа неговото дело.
Тој тогаш од јавноста се збогуваше со барање медиумите повеќе да не пишуваат за него, а ова барање му беше исполнето.
„Би сакал потполно да се повлечам и сметам што се однесува до медиумите, завршивме на убав начин. Пред да започнам да се занимавам со јавна работа, не бев толку во медиумите, но животот знае да ве однесе на разни страни. Бев потполно анонимен, па кога почнав да пеан никој не знаеше кој сум и од кое семејство сум, што мене ми беше драго, така што и сега би го сакал тоа, и мислам дека со тек навреме ќе се случи тоа“, изјави тогаш Стефан за „Блиц“.
И кога се случи тоа, многумина се посомневаа дека зад неговото повлекување стои некаков судир со родителите. Овие гласини ги подгреваше и тоа што Стефан го немаше никаде и на семејните прослави, за разлика на пример од неговите браќа Виктор и Филип Живојиновиќ, па и нивните сакани.
Но дека овие гласини не се вистинити ги потврди најновата емисија на „Папарацо лов“ кои го „фатија“ семејството на заеднички собир.
Причина за тоа беше вториот роденден на Александар, синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ. На прославата беше и Стефан, а фановите најмногу беа изненадени што тој сега изгледа поразлично.
Имено тој сега има подолга коса и брада, и во ова издание изгледа речиси непрепознатливо.
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ