Постарата ќерка на Дарко Панчев ги заврши студиите – ќе се ВООДУШЕВИТЕ од шармот на оваа прекрасна млада дама
Поранешниот фудбалер Дарко Панчев и неговата сопруга Маја Гроздановска Панчева имаат две ќерки.
Надица е постарата од нив и заради неа деновиве семејството имаше добра причина за славење.
Имено, Надица во петокот славеше апсолвентска, а на својот профил на социјалните мрежи сподели неколку фотографии и покажа како изгледаше на прославата.
Од фотографиите можеме да видиме како наследничката на Панчев изгледаше во ова елегантно издание.
Шармантната млада дама за оваа пригода избра црна долга креација со дискретен шлиц и интересен детаљ во пределот на рамениците, а целото издание го заокружи со елегантни црни сандали и благ бранови во косата.
Инаку Надица во 2018 година беше матурантка и тогаш како и сега сите ги воодушеви со својот фустан.
Само тогаш наместо црн, носеше бела креација зачинета со тантела со која блескаше на матурската забава.
Маја и Дарко покрај Надица, ја имаат и ќерката Марија.
Таа неодамна славеше роденден, кога гордата мама на Фејсбук сподели заедничка фотографија од прославата.
Марија е средношколка и веќе некое време се занимава со манекенство, а на социјалните мрежи често објавува фотографии и од модни едиторијали.
Некои од нив погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Марија Панчева
Фото: Инстаграм/ Марија Панчева
Фото: Инстаграм/ Марија Панчева
Фото: Инстаграм/ Марија Панчева
Фото: Инстаграм/ Марија Панчева
Фото: Инстаграм/ Марија Панчева
Фото: Инстаграм/ Марија Панчева
Фото: Инстаграм/ Марија Панчева