После долги години пауза прекрасна промена во Македонија – сопругата на првиот министер соопшти одлична вест
По пауза од две децении, Македонија повторно има Министерство за спорт.
Оваа информација ја потврди и Мандатарот Христијан Мицкоски потврдувајќи дека министер за спорт во новата влада ќе биде долгогодишниот ракометен репрезентативец Борко Ристовски.
Се очекува во Министерството да функционираат пооделни сектори: за професионален спорт, за масовен или рекреативен спорт и сектор задолжен за развојниот или младински спорт.
ФОТО: Инстаграм / Борко Ристовски
„Ветувам многу работа , посветеност, многу проекти и нивна реализација и одговорност.
Се обврзувам како прв Министер за спорт дека Македонија повторно ќе живее во духот на спортот“, напиша Борко на Инстаграм.
ФОТО: Инстаграм / Борко Ристовски
Сопругата на Борко Ристовски, Нина Ристовска се огласи на Инстаграм, каде гордо ја потврди ова информација и своите емоции ги преточи во зборови.
ФОТО: Инстаграм / Борко Ристовски
Прегорда на својот сакан, таа напиша:
„Македонија добива прв Министер за спорт. Се гордееме со тебе, веруваме во тебе и те сакаме.
Ти ги посакувам сите можни успеси, реализации на безброј проекти, за Македонија да биде поубаво место за живеење за сите.
Сигурна сум дека Борко е вистински човек на вистинска функција. Нема да биде лесно но ќе биде вредно “, напиша таа.
ФОТО: Инстаграм / Борко Ристовски
ФОТО: Инстаграм / Борко Ристовски
ФОТО: Инстаграм / Борко Ристовски
ФОТО: Инстаграм / Борко Ристовски
ФОТО: Инстаграм / Борко Ристовски