Последните минути од животот на малата Вања пред монструмите да и го одземат животот (видео)
Снимка на која се гледа како две лица со црни капи седат во возилото Цитроен додека во бакажникот најверојатно е грабнатото девојче
Нови детали околу грозоморното убиство на малата Вања
Новинарот Фуркан Салиу на порталот „ПорталиХ.мк“ објави ексклузивна снимка на која се гледа автомобилот „Цитроен“ со кој беше киднапирана Вања Ѓорчевска, а кој беше одземен од убиениот Панче Ж. од Велес
Како што вели Фуркан во видеото автомобилот е фатен на камера во 7.55 часот како се движи по улица број 1 во населба Визбегово.
Од видеото може да се види дека покрај шоферот во автомобилот има уште еден човек, но и дека има нешто бело во багажникот.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ПорталиХ
Новинарот претпоставува дека тоа би можело да биде вреќата за спиење во која беше врзана Вања.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ПорталиХ
Порталот обезбеди и снимка на која се гледа чадот од запалениот автомобил, кој нешто подоцна е запален од осомничените, во атарот на селото Бразда, во 09.37 часот, како што се гледа на камерата.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ПорталиХ
Потсетуваме, претходно на прес-конференција за медиумите, од Основното јавно обвинителство беше наведено дека автомобилот со кој е грабната Вања бил одземен од Панче Жежовски (74).
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ПорталиХ
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ПорталиХ
Осомничените на 22 ноември влегле во домот на жртвата, го нападнале физички и го одвеле со автомобил во близина на селото Рудник, каде го ликвидирале со пиштолот на еден од осомничените.
Министерот Оливер Спасовски потврди дека убиството на Жежовски било направено надвор од неговиот дом.
Фото: МВР
Неговото исчезнување го пријави неговата ќерка, по два дена откако беше грабнат и убиен од осомничените.
Неговиот автомобил подоцна беше пронајден во селото Бразда, во близина каде по седум дена е најдено и телото на Вања.