Последната порака на убиениот фризер од Велес ќе ви ги насолзи очите – еве каков човек беше Панче!
Фризерот Панче Жежовски пред неколку дена беше закопан на гробиштата во Велес, недалеку од домот во кој што живееше и од каде беше насилно однесен
Панче Жежовски (74) беше пронајден мртов истиот ден кога и малата Вања Ѓорчевска, а нивните убиства го потресоа регионот.
Панче од Велес исчезна на 22 ноември, а по десетина дена беше откриено дека е убиен од истите луѓе што ја убие и Вања.
Неговото безживотно тело беше пронајдено по истрагата на МВР откако уапсените лица открија каде го закопале.
Истите овие лица подоцна го искористиле неговиот автомобил марка „цитроен“ за да ја киднапираат 14-годишната Вања Ѓорчевска што го направија пет дена по неговото убиство, во центарот на Скопје. И само неколку часа по киднапирањето, го убија и девојчето.
Фото: Фејсбук
Според истрагата како и според изјавите на осомничените и двете убиства ги направило истото лице, Љупчо Палевски Палчо.
Палчо наводно го познавал фризерот од претходно и имале некои нерасчистени сметки за кои истрагата треба да покаже.
Фото: Фејсбук
Инаку, фризерот Панче бил угледен граѓанин на Велес, а според зборови на неговите комшии, бил почитуван сосед,
Живеел повлечено иако во последно време се занимавал и со политика, а своите политички ставови ги искажувал и на Фејсбук.
Неговата последна објава се однесува на Никола Груевски, кого очигледно многу го почитувал, а еден од неговите последни коментари е упатен до нашите политичари, и во него тој вели тие да ги тргнат рацете од Божјите храмови, без разлика дали цркви, џамии или манастири.
Еве уште една од неговите последни објави на Фејсбук: