Познатиот американски актер Лук Пери, ќе биде запаметен од улогата како Дилан Мекеј во планетарно популарната серија “Беверли Хилс 90210″, а неговата смрт ги шокира неговите колеги од истоимената серија кои во една пост на Твитер се нарекоа „семејството” .
„Мој најдраг Лук, засекогаш ќе уживам и паметам она што го споделивме во текот на изминатите триесет години. Нека твоето патување биде збогатено со величествените души што патуваа пред тебе, баш како ти што направи за оние кои ги остави зад тебе. Господе те молам дај му место покрај тебе, тој тоа го заслужува “, напиша Јан Циринг, Стив од серијата, и сподели заедничка фотографија.
„Срцето ми е скршено, ја споделувам тагата со твоето семејство и сите што го сакаа, каква страшна загуба”, изјави за магазинот People актерката Џени Гарт.
https://www.instagram.com/p/BumLbVqAiGy/?utm_source=ig_embed
„Моето срце беше целосно скршено, Лук беше моќна сила во животот на многумина, беше многу нежна душа, тој беше добар, дарежлив и секогаш се бореше за оние послаби”. Тој беше моќен глас што му недостига на секој што го познаваше “, изјави актерката Андре Цукерман.
https://twitter.com/homz1976/status/1102637594163200002