Реклама
Вирално

Последната објава на младата докторка што загина во сообраќајката никого нема да остави рамнодушен

Ова е младата докторка што загина во страшната сообраќајна несреќа што се случи во близина на Скопје

Реклама

Моника Лукровска е 40-годишната скопјанка, докторка специјализантка, што загина во тешката сообраќајна несреќа.

Нејзините блиски и пријатели во шок, сите за неа велат дека беше една од најдобрите личности што ги познавале

Голем шок за целокупната македонска јавност, но најмногу за сите оние што ја познаваа младата докторка од Геријатрија која што пред два дена загина во страшната сообраќајна несреќа во близина на Скопје.

Маркетинг

Таа е мајка на две малолетни деца, но и врвен професионалец која меѓу своите колеги беше позната по својата благородност и ведар дух.

Таа беше докторка специјализант и важеше за исклучителен лекар, секогаш насочена кон освојување на нови предизвици.

Маркетинг

Моника зад себе остави две малолетни деца, а нејзините колеги и сите оние што ја познаваа се збогуваат од неа преку социјалните мрежи.

На нејзиниот профил на Фејсбук се уште стојат нејзините последни објави, кои сведочат за тоа каков човек беше таа.

На едната од нив е споделена една фотографија од Скопје на која се гледа загаденоста на воздухот во градот, што укажува на тоа дека на Моника не и беше сеедно што местото во кое што живее е едно од најзагадените во светот, додека другата е објава од еден нејзин колега која исто така никого нема да остави рамнодушен.

„Ни кафе како пензионер не можам да испијам на мир. Седам со колегата Данко Милошевиќ, врвен експерт педијатар нефролог во еден Загребачки кафич и добивам порака дека еден наш пациент стар 13 години е примен на Клиниката со четврта епизода на атипичен хемолизно уремијски синдром (болест која ги напаѓа црвените крвни зрнца, тромбоцитите и води до откажување на бубрезите). Данко ми вели па дајте му одмах соларис или ултоморис, спасете му бубреге. На жалост Данко, код нас је бирократска процедура, треба се пацијент регистрирати код комисии за ретке болести, па чекати њихову одлуку, која је често негативна и неправедна .. јер овде лек живот спашава! Џабе што је лек регистриран у Македонији, тко че га платити?!“

„Живот не трпи тендери! За ваква ситуација државата, фондот и другите фактори треба да реагираат веднаш. За жал некои напи фамилии кои имаа деца со атипичен ХУС мораа да се иселат, за да можат да го добијат лекот во странство. Ве молам споделете ја објавата, Живот не трпи тендери“, пишува во една од последните објави што ја има споделено оваа докторка, а која ја има објавено еден нејзин колега и која кажува на тоа каква жена беше таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button