Реклама
Наши ѕвезди

Последната објава на Далибор на Фејсбук многумина ќе расплаче: Тој почина, но песната негова ќе остане

Еве каков човек беше Даки

Реклама

Познатиот македонски фолк-пејач Далибор Даки Ѓошиќ, почина по кратко боледување на 41-годишна возраст.

Покрај својата кариера како пејач, тој беше и дел од ансамблот „Танец“ со кој со години настапуваше насекаде низ светот.

Како солист со ансамблот настапуваше од 2007 година, а неговите колеги кои со неверување ја примија тажната вест деновиве споделија бројни снимки од нивните гостувања низ светот, на кои Далибор со својот извонреден талент ја забавува публиката со македонска песна.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Едно од овие видеа сподели и неговата сестра, Ива Ѓошиќ, која исто така е дел од овој ансамбл.

Маркетинг

Скршена од болка, таа објави и една заедничка фотографија, но и емотивна порака која никого не стави рамнодушен.

Фото: Фејусбук/ Ива Ѓошиќ

„Без разлика што некои срца не чукаат веќе. Ние кои живееме вечно ќе ги сакаме и чуваме како најубав спомен во нашиот живот“, објави Ива на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Потсетуваме, Далибор Ѓошиќ Даки почина по кратко и тешко боледување, а зад себе остави малолетен син.

Тој ќе остане запаметен по неговите песни, но и по генијалните изведби на старите македонски песни со Танец.

Важеше за еден од омилените пејачи меѓу колегите и беше мошне талентиран музичар, кој целиот свој живот го посвети на музиката.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Почина прерано, но за време на својот краток живот создаде многу за нашата музика и остави голема трага во неа.

Фото: Фејсбук/ Драгица Стефковска Дракче

Но покрај тоа што беше талентиран музичар, тој беше посебен и како човек за што зборува и неговата последна објава на Фејсбук.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Имено, на неговиот профил се уште стои апелот да му се помогне н едно лице кое во пожар ја изгубило куќата.

„Да помогнеме. Гоце побара и од мене помош. Можете да ме исконтактирате и мене во инбокс. Јас деновиве одам кај него во Св. Николе да помогнам“, напиша тогаш Далибор на својот Фејсбук.

Фото: Фејусбук/ Ива Ѓошиќ

Фото: Фејсбук/ Драгица Стефковска Дракче

Фото: Фејсбук/ Далибор Даки Ѓошиќ

Фото: Фејсбук/ Далибор Даки Ѓошиќ

Фото: Фејсбук/ Далибор Даки Ѓошиќ

Фото: Фејсбук/ Далибор Даки Ѓошиќ

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button