Последната објава на Гранд ѕвездата што загина во страшната СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА никого не остави рамнодушен
Пејачот и поранешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Немања Вуковиќ (23) го изгуби животот во страшна сообраќајна несреќа.
Како што пренесуваат српските медиуми, до несреќата дошло откако пејачот по несреќата што ја имал со автомобилот се обидел да го претрча автопатот по што налетал автобус на него и го усмртил на лице место.
Немања за време на возењето доживеа несреќа, имено, најверојатно заради проблем со тркалото пејачот изгуби контрола и удри во банкината. Од овие причини пластични делови излетуваат на патот, па набргу доаѓа до судир на уште два автомобили кои немаат никаква врска со возилото на Немања. Младиот пејач тогаш излегува од автомобилот, гледа што се случиле, а преку патот полицаецот му вели да остане во своето возило, додека тој не ја провери состојбата на возачите во другите два автомобила кои се удриле само неколку моменти подоцна, вели извор за српскиот „Курир“. Полицаецот наводно го опомена да не се оддалечува од возилото, но тој од непознати причини се обиде да го претрча автопатот и во тој момент на него налета автобус и го прегази.
Инаку, Немања само неколку часа пред смртта објавил снимка од автомобилот на која се слуша песна од Џеј Рамадановски „Животе жено без морал“. Во описот на видеото што го објави само неколку часови пред страшната несреќа во која што настрада тој стави и емотикон срце.
Трагичната вест за неговата смрт ја шокираше јавноста, а посебно ја потресе Јелена Карлеуша која му беше ментор.
„Со голема тага го пишувам ова. Загина Немања, мојот кандидат од ‘Ѕвездите на Гранд’. Неверојатно талентиран, убав, културен, млад… На ова снимка имаше само 18 години. Го избрав бидејќи во него видов огромен потенцијал“, порача познатата пејачка и го додаде и следново:
„Длабоко сочувствувам со болката на неговото семејство и на овој начин изразувам сочувство. Универзумот нека ви даде сила да ја издржите ваквата загуба. Почивај во мир Немања, а јас знам дека енергијата не може да умре. Само менува облик и оди понатаму“, пишува Карлеуша на Инстаграм.
Немања по потекло е од Фоча, а во „Ѕвездите на Гранд“ се натпреваруваше кога имаше 18 години.
Тој зaгина на автопатот Шид-Белград, во близина на Добановци…
Фото: Инстаграм/ Немања Вуковиќ
Фото: Инстаграм/ Немања Вуковиќ
Фото: Инстаграм/ Немања Вуковиќ
Фото: Инстаграм/ Немања Вуковиќ
Фото: Инстаграм/ Немања Вуковиќ