Интервју

Последен пат концерт во Скопје имав пред 15 години, во „покојна“ Универзална сала

Срце ме боли што се уште ништо не се случува со тоа место, со таа зграда. Од тогаш, за жал, немам настапувано во Скопје, вели Тијана Дапчевиќ во интервјуто за нашиот магазин

Реклама
Реклама

Мегапопуларната балканска ѕвезда, а македонско девојче, шармантаната, грациозна, прекрасна Тијана Дапчевиќ отсекогаш била и ќе биде слика и прилика за публиката. Како минуваат годините оваа жена станува се поубава и поубава, а ова го велат сите за неа…

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Како со нејзината раскошна убавина, стас, но и ретко квалитетни вокални способности.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Тијана е популарна  и како актерка и како пејачка ширум Балканот, но и покрај тоа што подолго време живее во Србија таа создава музика која се слуша и на македонската сцена , а и често ја гледаме низ медиумите овде.

Маркетинг

Овој пат има да најави многу интересен концерт кој ќе се случува  на 5 октомври во просториите на „Јавна соба“ (Public Room) во Скопје. Станува збор за еден нов проект во кој се вклучени повеќе македонски ѕвезди. Проектот се нарекува „ Milk&Blues“…

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Ја искористивме приликата и поразговаравме со Тијана Дапчевиќ, а на кои теми и што ни откри таа, прочитајте во продолжение.

Како го поминувате времето во Македонија, овој пат?

Секогаш кога доаѓам во Македонија најголемиот дел до времето го поминувам со домашните.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Највише со децата  на сестра ми со Хана и со Дарен сум 24/7 и кога се во школо, ги зимам од школо, ги носам во школо.

Овој пат немам многу време , бидејќи доаѓам специјално за фестивалот Milky …   мојот настап ќе се случи на 5 октомври.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, РТС

Што може да очекува македонската публика од вас на 5 октомври?

Добра свирка, добра журка, што со мои песни, што со туѓи. Јас сум од оние изведувачи кои инсистираат на своја музика бидејќи имам пет албуми зад себе и уште толку песни снимени зад себе .

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Какво е чувството да се настапува дома?

Јас последен пат концерт во Скопје имав во 2008 или 2009 во сега веќе „покојна“ Универзална сала, единствената концертна сала во Скопје. Срце ме боли што се уште ништо не се случува со тоа место, со таа зграда. Од тогаш, за жал, немам настапено во Скопје. Не ги бројам приватните журки, голем настап не сум имала од тогаш. Чудно е чувството после толку време да се настапува дома. Имам малку трема . Инаку сум позната како тремаџика. Сигурна сум дека ќе биде добро!

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, РТС

Како вашиот сопруг реагира на вашата динамична работа и на тоа што сте постојано на релација Белград-Скопје?

Па, како реагира?! Како мора! хахах (се смее) „Така му се паднал граот“. (хаха) Нема тука некоја спектакуларна реакција, навикнати сме на тој момент. Милан многу често кога доаѓам јас во Скопје доаѓа и тој бидејќи и тој има екипица во Скопје. За 23 години и тој стекна пријатели, дури и кумови. Со добра организација се е можно. Инсистираме на тоа да не бидеме одвоени многу.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

А како Вук реагира на вашата професија. Свесен ли е колку е мама популарна?

Вук и тоа како е свесен, тој е во тие години кога неговите другарчиња и соученици ја слушаат музиката на мајка му. Така што е свесен колку е популарна мама.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Дали тој покажува интерес за музика?

А и мама може да се пофали дека е свесна колку е популарен нејзиниот син. Вук од пред година дена почна да се занимава  со правење на музика, нов правец во електронската музика – фонк. Веќе на платформата спотифај има повеќе од милион и пол  слушатели. Има многу фанови, највеќе од Бразил. Можам да се пофалам и да бидам горда на тоа што син ми е талентиран и се занимава со музика.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Отсекогаш сте биле препознатлива по кратката (храбра) фризура. дали некогаш сте имале долга коса? Кога сфативте дека ова е вашата фризура?

Кратка коса имам цел живот! Само во еден период, мислам дека беше 2010 година одлучив да не ја фарбам , ја пуштив и имав коса до раменици се до 2014 година кога одлучив да ја скратам пак. Кога подобро ќе размислам, за тие четири години никој не примети дека имам долга коса и сите од оваа перспектива ќе кажат „Кога си имала ти долга коса? И јас ќе додадам: Паметна глава коса не трпи! (хаха)

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Неодамна имавте операција за проширени вени, да ги охрабриме жените кои се соочуваат со овој здравствен проблем. Какво беше вашето искуство?

Моето искуство со операцијата со вените е пред се не класична операција, се работи за хируршки зафат со локална анастезија. Се работи ласерски. Имав операција на двете нозе и сум многу задоволна од целиот третман  на клиниката и лично од проф. доктор  Дарио Јоциќ кој го направи тој зафат. Одам се уште на контроли редовно. Имав ужасни проблеми, тоа дури ни естетски не изгледаше убаво. Имав сериозни проблеми со болки, отекување, грчеви …

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Секој би го советувала да го направи истото, бидејќи буквално по таа операција прогледав, а прогледаа и моите нозе.

Еден период многу се зборуваше за вашето драстично намалување на килограмите. Тежок ли е патот на една мајка да го врати изгледот или како во вашиот случај да изгледа уште подобро од претходно?

Сега кога ги гледам сликите од пред 15 години себеси си сега си  изгледам подобро отколку тогаш. Никогаш сум немала проблем со килограмите, се додека не останав бремена. Многу се здебелив за време на бременоста дури 45 килограми. Ми требаше многу време додека да ги симнам и се до пред некое извесно време како ќе симнам така ги враќав дури повеќе од симнатото. Се додека не се запознав со нутриционистката Ана Петровиќ. Со неа успеав да го симнам вишокот од тие 115-ина килограми и инсистирам да се хранам според нејзините рецепти.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Не се враќаат повеќе килограмите , најдов некој матрикс. Сепак , јас сум од Македонија, многу сакам зеленчук, овошје инсистирам да јадам од се по малку. Заклучив дека се додека не се прејадувам е добро, често, ама по малку. Пијам многу вода, чаеви …

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Во тие години сум кога многу тешко се симнуваат килограмите и сфатив дека физичката активност  е пресудна за да се одржам и да бидам здрава и да се чувствувам добро.

Ви благодарам на комплиментот дека изгледам подобро од порано!

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button